Враќање на меморијата со помош на светлина

Научниците веќе со години дебатираат дали ретроградната амнезија (по трауматски повреди, стрес или болести како што е Алцхајмеровата) е предизвикана од оштетување на одредени мозочни клетки, што значи дека не може да се зачува меморијата, или пак пристапот до меморијата е на некој начин блокиран, што го спречува сеќавањето.

Поголемиот дел од научниците ја фаворизирале првата претпоставка, но ова истражување покажува дека таа е погрешна.

Истражувачите од МИТ направиле еден експеримент на глувци при кој користеле оптогенетика – додале протеини на невроните за да можат да ги активираат со светлина, со цел да докажат дека во хипокампусот постои одредена група на неврони кои се активираат за време на процесот на стекнување на меморија, на пример преку некој мирис, што всушност предизвикува враќање на таа меморија. Кога ја снимиле активноста на тие неврони, откриле дека синапсите кои ги поврзуваат биле посилни.

Потоа, се обиделе да откријат што се случува со меморијата без овој процес, па го додале соединението анисомицин кое ја блокира синтезата на протеини во невроните. Така, веднаш откако глувците формирале нова меморија, истражувачите успеале да го спречат зајакнувањето на синапсите. По еден ден, се обиделе да ја реактивираат меморијата, но не успеале. Тоз значи дека без синтезата на протеините, нема зајакнување на синапсите и меморијата не може да се поврати.

Но, изненадувачи, кога повторно ги активирале протеините со помош на оптогенетиката, глувците покажувале знаци на целосно враќање на меморијата.

Научниците веќе долго време ги поврзувале промените во синаптичката сила со учењето и меморијата. Ова истражување, објавено во „Science“, покажува дека тие промени, под одредени услови, може да се изменат и да се зачува меморијата, односно сеќавањата.

Поддржете ја нашата работа: