Враќање на зависниците од интернет во реалноста

Многу научници ја рангираат зависноста од интернетот и социјалните мрежи како хронично заболување за кое е потребен третман. Други сметаат дека го има истиот механизам како и зависноста од алкохол, дрога или други токсични супастанци, само што во случајов се работи за зависност од „нехемиска природа“.

Како и да е, луѓето поминуваат се повеќе време на интернет, па терминот „зависници“ се чини сосема соодветен. За оние кои се свесни за својата зависнот, можеби има решение.

Александар Погожев, научник од Политехничкиот Универзитет Томск во Русија разви апликација која ќе го ограничи пристапот до социјалните мрежи, онлајн игри и други веб сајтови по желба на корисникот.

За разлика од останатите аналогии, оваа програма овозможува да се ограничи пристапот до колкав било број на веб сајотви, при што вклучува одреден дневен лимит на времето за кое може да се користат истите.

Оваа апликација ќе ви помогне да го минимизирате времето кое го поминувате на интернет. Наменета е за оние зависници од интернет кои свесно сакаат подобро да си го организираат времето.

Исто така, на некој начин, може да претставува усовршена „родителска контрола“ при што родителите ќе можат да го блокираат пристапот до одредени штетни и потенцијално опасни сајтови (во овој случај не е можно временско ограничување).

Корисниците ќе имаат можност да продолжат со користење на сајтот на кој поставиле забрана при што ќе треба да платат одредена сума која ќе биде наменета за добротворни цели, изјави Погожев за „ТАСС“.

Моментално, апликацијата е дизајнирана за компјутер, но тој работи заедно со своите студенти од универзитетот за да ја прилагоди за таблети и паметни телефони.

Поддржете ја нашата работа: