За 40 години ќе има услови за живот на Марс: Илон Маск со план и пресметка

Милијардерот, иноватор и визионер кој ја основа приватна компанија за вселенски патувања Спејс Икс Илон Маск, ја продолжи тезата на Стивен Хокинг дека луѓето ќе изумрат доколку не се прошират на други планети. Маск вели дека заработува пари само да може да си го оствари тој сон.

Најважна е изградбата на флота од илјада летала кои би летале повеќе пати до Марс. Колонијата на Марс би престигнала милион лица за 40 до 100 години. Вака ја опишува својата визија Илон Маск во списанието New Space.

Појаснува и зошто Марс е идеален за колонизација: “Малку е студен, но можеме да го загрееме. Има доста благородна атмосфера која се состои првенствено од јаглерод диоксид, малку азот, аргон и траги од други елементи, па можеме да одгледуваме растенија. Она што треба да се направи е само малку да се притисне атмосферата”, вели и продолжува:

“Ќе биде прилично забавно на Марс со оглед на тоа дека гравитацијата на Марс е отприлика 37 отсто како на Земјата. Ако успееме да ја загрееме таа планета, и таму би можеле да имаме густина на атмосферата и океани” вели Маск со ентузијазам.

Бројката од еден милион луѓе ја смета за клучна бидејќи толку луѓе се потребни за колонијата да биде самоодржлива. Првиот лет на Марс го очекува во 2022ра година, но поради ротацијата на Земјата и Марс, испраќањето на луѓе е возможно да се изведе само еднаш годишно. Доколку точно на време се одвиваат плановите, Маск проценува дека за минимум 40 години ќе имаме колонија на Марс од милион жители.

Истакнува и една важна работа, за која засега не се води премногу сметка во вселенските патувања – удобноста и забавата, со оглед дека тоа патување до Марс трае оптприлика најмалку 100 дена.

Маск истакнува и дека неговото искачување на листата на најбогатите луѓе е само средство за крајната цел – да ги убеди луѓето да го направат првиот чекор кон вселената.

Поддржете ја нашата работа: