ЗА НАС

1904229_492753330865801_9159021088616180390_n

Enauka.mk е проект чии главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и поттикнување конструктивни дебати, експерименти и иновативно размислување во сите свери на општеството.

Спечифично за Енаука е фактот дека негова главна движечка сила се лица со хендикеп и тој ќе се обиде да покаже и докаже преку позитивен пример дека местото на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија.

Мотивот за оформување на овој портал се наоѓа во креираниот вакум на македонското интернет поднебје, каде што доминираат интернет страни со претежно забавни, дневно политички и популарни содржини, а се забележува недостаток на тематски специјализирани и професионални портали.

Почнувајќи со работа кон крајот на 2014 година, enauka.mk се обидува да создаде верна публика преку редовно објавување на актуелни новости, интервјуа, колумни од различни научни дисциплини, кои што се интересни и корисни како за стручната научна јавност така и за обичните читатели.

Мисијата на тимот што стои позади интернет порталот enauka.mk e преку континуирано подобрување во квалитетот на работа, содржините и вестите да изгради препознатлив стил, интегритет и постави висок стандард во сегментот кој што го третира од кој што најголема придобивка би имале читателите.

Сите се добредојдени со своите идеи и сугестии кои би помогнале за подобро функционирање на порталот.

ЕНаука ќе ги објави и промовира сите Македонски иновативни: истражувања, иницијативи, теории, концепти, идеи, производи и сл. кои се комплементарни со неговите цели и би биле бенефит за целото општество.

Со почит,

Тимот на enauka.mk

Контакт: info@enauka.mk