За прв пат – Индија лансираше вселенски брод за повеќекратна употреба

Ако човештвото се надева дека некогаш ќе ја освои вселената, најпрво му е потребен поевтин начин за да избега од Земјата. Американските компании „SpaceX“ и „Blue Origin“ досега ја предводеа оваа мисија создавајќи ракети за повеќекратна употреба кои можат безбедно да слетаат на Земјата, да се исчистат и повторно да се лансираат. Но, нас не ни се потребни само ракети и токму поради тоа е возбудлива новата вест која доаѓа од Индија. Имено, Индија за прв пат успешно лансирала и слетала мини вселенски брод.

Индија планира да користи слична технологија како програмата на НАСА (Space Shuttle programme) која заврши во 2011 година за да создаде вселенски број кој може повеќекратно да се користи за да пренесува астронаути, материјали, залихи и се друго што би било потребно во орбитата. Еве што ни е познато засега:

Според извештајот на „BBC“, властите на Индија лансирале вселенски брод долг 7 метри и тежок 1,75 тони од Шрихарикота во Андра Прадеш на 23-ти мај 2016 година, кој успешно слетал 13 минути подоцна во Бенгалскиот Залив, 450 километри од местото каде што полетал.

Иако овој брод го преживеал лансирањето и слетувањето, најверојатно нема повторно да се користи бидејќи целта на оваа мисија била да се докаже концептот, односно да се добијат соодветни податоци за тоа како да се направи пософистицирано летало за повеќекратна употреба во иднина.

IndiaSpaceshuttleМожеби најдобро би било сега Индија да се здужи со други организации, како што е „SpaceX“ за да добие пристап до генератори за повеќекратна употреба. Целта на сите организации кои се во игра за вселената е да ја намалат цената за лансирање на материјали или луѓе во вселената, а ваквата соработка би била клучна за да се постигне тоа.

Според пресметките на Државниот универзитет во Ајова, во моментов преку традиционалните средства, потребни се 22 илјади долари за да се испрати само еден килограм во ниската орбита на Земјата. Цената се заснова на потребното гориво и ракетата за еднократна употреба. Според оваа логика, ракетите за повеќекратна употреба треба да се покажат како поевтини во иднина.

Индија веќе покажува дека е спремна да влезе во играта за вселената, нудејќи нови решенија за економската страна на истражувањето на вселената. Земјата е веќе позната по поевтиното извршување на работие. Имено, минатата година, Индија успешно орбитираше околу Марс со летало кое чинеше 74 милиони долари, во споредба со мисијата на НАСА која ја направи речиси истата работа за цена од околу 671 милиони долари.

Поддржете ја нашата работа: