Заборавањето всушност може да ве направи попаметни

Новото истражување покажува дека тоа што забораваме можеби го предизвикува сигурносниот механизам во мозокот, чија цел е да не бидеме пренатрупани со информации, односно, со други зборови станува збор за здравиот начин на работата на мозокот.

Овој податок би можел да ни послужи да разбереме подобро како работи мозокот, пишува Science Alert.

Двајца научници од Универзитетот во Торонто тврдат дека целта на помнењето не е да се пренесат најточни, туку најкорисни информации кои нам би ни помогнале да донесуваме паметни и разумни одлуки.

“Важно е мозокот да ги заборави неважните детали, и наместо на тоа да се фокусира на работите кои ќе помогнат во донесување на одлуки во реалниот свет”, објаснува Блејк Ричардс, еден од научниците.

Ричардс и неговиот колега Пол Френкленд, спровеле порано објавени дела кои на различен начин се приближиле на концептот на меморијата. Некои го проучувале невробиолошкиот аспект на помнењето, други пак невробиологијата на заборавањето.

“Најдовме многу докази дека постојат механизми кои промовираат заборавање, и дека тие се разликуваат од оние кои се задолжени за чување на информации”, вели Фаркленд.

Истражувањето покажало докази за намерното слабеење на синаптичките мрежи помеѓу невроните кои се вклучени во формирање на меморијата, како и дека новите неврони брзо пишуваат веќе постоечки сеќавања, и со тоа им го оттежнуваат пристапот.

Зошто мозокот се труди да не натера да забораваме? – Овие двајца научници нудат две причини. Првата причина е дека заборавањето ја олеснува адаптацијата на нови ситуации, така што ни помага да заборавиме на ситуациите кои не ни се потребни.

Втората причина е дека заборавањето ни овозможува генерализирање на минатите настани со цел полесно донесување одлуки за новите, што е концепт, кој во вештачката интелигенција е познат како регуларизација.

Нема никаков сомнеж дека заборавањето на информации се фрустрирачки, како и дека може да се работи за знак на сериозни проблеми, но новите истражувања сугерираат дека одреден степен на заборавање, може да биде вроден механизам чија цел е да станеме попаметни.

 

Поддржете ја нашата работа: