Запознајте го најоддалеченото населено место на светот

Островот Тристан да Куња, во јужниот дел на Атлантикот, со гордост го носи статусот најоддалечено населено место, но ваквата изолација е поврзана и со голем број  предизвици. Сега, оваа заедница од 226 жители ќе добие голема реорганизација што ќе и помогне да биде самоодржлива.

Жителите ќе добијат модернизирани згради, фарми за ветерна енергија, согорувачи кои отпадот ќе го претвораат во енергија, со акцент локалното население да добие таков вид на развој што најмногу ќе му одговара.

Новата визија за островот и е доверена на британската фирма „Brock Carmichael“, како победник на меѓународен натпревар за дизајн организиран од Кралскиот институт на британски архитекти. Административно, островите се дел од Британските прекуморски територии – Света Елена, Вознесение и Тристан де Куња.

Бидејќи најблиското копно е оддалечено повеќе од 1600 километри, а бродовите пристигаат на островот само осум пати во годината, на помош од надворешни лица за решавање на проблемите или поправка на објектите не може да се смета. Затоа новите планови се фокусирани на одржливи идеи и проекти кои локалните жители ќе можат сами  да ги реализираат.

„Со време ќе бидат обучени одбрани луѓе во сите области на стручност потребни за реализација на предложените проекти кои стекнатото знаење и вештини ќе можат да им ги пренесат на следните генерации“- вели главниот архитект Мартин Ватсон.

Така, во случај на реконструкција на владини објекти или на домовите, наместо да се користат увезени и непроверени материјали „Brock Carmichael“ предлага локалното население да ги користи традиционалните техники за градба, но со додавање на дополнителен слој за изолација (изрботен делумно и од волната од домашните овци), што ќе ја задржи топлината и ќе ја намали потрошувачката на енергија.

Архитектите имаат намера да го оптимизираат секој дел од развојниот процес, од увозот на градежни материјали на островот, до намалување на отпадот и рециклирање. Локалните базалтни камења, песокот од плажите и морската трева ќе се користат секогаш кога е можно.

thumb

Во план се и комунални градини и хидроцентрали, но деталите ќе бидат одредени откако архитектите на фирмата ќе го посетат и ќе го истражат островот ште е планирано за летото 2017 година.Сепак, архитектите нема да го имаат последниот збор – иницијативата ќе биде додадена на конечните планови на проектот само доколку биде остварлива и самоодржлива и ако ја добие поддршката од локалното население и од официјалните лица.

Локалното население исто така очекува дека оваа реорганизација ќе им овозможи во следните пет години да произведуваат 30 до 40 проценти од потребната енергија.

Инаку, на странците не им дозволено да се населат или да купат земјиште на Тристан да Куња, иако се добредојдени како посетители. Повеќето работни места се поврзани со одгледување на јастози, што е менаџироно од компанија од Јужна Африка.

Ова интересно парче земја се наоѓа над активен вулкан, а мора и да се справува и со тропските бури и со земјотресите, така што, во идните планови за развој на овие фактори ќе им се обрне најголемо можно внимание.

Поддржете ја нашата работа: