Запознајте го „Neopalpa Donaldtrumpi“ – молец наречен по Доналд Трамп

СПОДЕЛИ

Еволутивниот биолог Везрик Назари открил нов вид на молец (ноќна пеперутка), кој се одликува со светло жолти влакна на главата, а мажјакот има значително помали гениталии од неговите сродни видови. Овој биолог одлучил, да го нарече молецот по Доналд Трамп.

Природното живеалиште на „Neopalpa donaldtrumpi“ се наоѓа на крајбрежниот дел на Јужна Калифорнија и во северниот дел на Мексико.

1395102912470421497267710Новиот вид е именуван во чест на Доналд Трамп, кој на 20 јануари, оваа година ќе стане 45-ти претседател на САД – стои во описот на етимологијата на новиот вид.

Причината за изборот на името е за да се привлече вниманието на јавноста за потребата за заштита на чувствителните живеалишта во САД, во кои живеат уште многу неоткриени видови.

1-newspeciesof
“Специфичниот епитет е одбран поради сличноста на фризурата на молецот и Доналд Трамп”, пишува Назари.

Дискусија

Коментари