Запознајте го роботот кој оди како птица

Еден ден машините ќе чекорат како луѓе.

Група инжинери кои работаат на проектот „Атриас” на Универзитетот во Орегон, се фокусирани на решавање на проблемот со движењето на роботите. Тие се надеваат дека овие двоножни машини еден ден ќе чекорат како луѓе.

Но, пред да ја достигнат таа цел, потребна е своевидна еволуција во начинот на чекорењето. Роботот „Cassie” е една алка во тој еволутивен ланец и со својот од наликува на птица.

Се работи за успешен резултат од 16-месечната работа, финансирана од Министрството за одбрана на САД. Дизајнот на машината е инспириран од морфологијата и однесувањето на животните, вклучуваќи ја имитацијата на колкот, која овозможува движење низ три механички степени на слобода.

Машината, исто така има и подвижни зглобови помеѓу „стапалото“ и „потколеницата“, според моделот на човечката анатомија.

„Cassie” може самостојно да стои, да оди, да преминува препреки и да паѓа без поголема штета.

Потенцијалот на оваа машина се наоѓа во создавањето на робот, кој во блиска иднина ќе им помага на војниците на бојното поле, на спасувачите на терен, или како доставувач на храна.

Поддржете ја нашата работа: