Запознајте ја Фиона – бебе од нилски коњ кое обожава да се тушира

Ова е Фиона, четири месечна женка од нилски коњ за која медиумите ширум светот пишуваат од крајот на јануари, откако е родена во зоолошката градина во Синсинати. Имено, Фиона е родена шест недели порано, па така наместо со вообичаени 25-50 килограми, колку што тежат младенчињата од нилски коњ кога ќе се родат, Фиона имала само 13, поради што не било сигурно дали ќе преживее. Но имајќи ги во предвид овие снимки кои зоолошката градина ги објави на својот Фејсбук профил, очигледно е дека Фиона денес напредува сосема солидно.

Бидејќи е сеуште мала за да живее со останатите нилски коњи, Фиона која сега има 75 килограми, деновите ги поминува воглавно со вработените од зоолошката градина кои ја хранат од шишенце за хранење, се бања во нејзин приватен базен и повремено оди на туширање.

Имено, на почетокот од минатата недела Фиона додека доручкувала и после редовното мерење на вага влегла во туш кабина, а еден од службените лица кои се грижат за неа ја направил оваа преслатка снимка.

Иако на видеото тоа не се гледа, вработените велат дека Фиона после играњето, уште малку влегла под туш и заспала. Инаку, вработените од зоолошката градина редовно ја известуваат јавноста за напредокот на Фиона, кој може да го следите овде, а еве и едно видео кога имала само 2 дена и кога за прв пат запливала во базен.

Поддржете ја нашата работа: