Запознајте ја “Снегулка“ – вселенско тело кое се наоѓа зад Плутон

Нејзината средна оддалеченост од Сонцето е за три пати поголема од онаа на Плутон, а името и е тотално апсурдно – “(225088) 2007 ОР10“. Оваа џуџеста планета, со своите 1600 километри во дијаметар е трето најголемо вселенско тело во Сончевиот систем, зад орбитата на Нептун.

Додека Нептун, со пречник од само 1190 километри, успева да задржи дури 5 природни сателити во својата орбита, “(225088) 2007 ОР10“ има еден свој придружник во орбитата, иако самата таа е со пречник само колку половина од нашата Месечина. Научниците од опсерваторијата Конколи во Будимпешта, успеале да откријата дека и оваа џуџеста планета има свој природен сателит, и тоа со само 300 километри во дијаметар.

Таа досега би можела да добие и некое понормално име, имајќи предвид дека и по 10 години од нејзиното пронаоѓање таа е сеуште најголемиот “безимен“ објект во Сончевиот систем. А можело да биде сосема поинаку. Во 2007 година, таа била откриена како се движи во Кујперовиот појас, од страна на студентот Мајкл Браун, кој, поради изразито белата боја на овој објект, ја нарекол “Снегулка“.

Сепак, подоцнежни анализи утврдиле дека се работи за превид и дека таа е всушност еден од најцрвените објекти во Кујперовиот појас.

За  “Снегулката“ се врзани низа занимливости. Околу Сонцето кружи по толку ексцентрична патека, што во најблиската точка до Сонцето, таа е оддалечена колку 33 должини на патот од Земјата до Сонцето, а во најоддалечената точка колку 101 такви должини.

Понатаму, се проценува дека температурата на нејзината површина е само околу 31 Келвин, односно -242 °C. За споредба, површинските температури на Нептун, може да се “загреат“ и до 55 Целзиусови степени.

Денот на „Снегулката“ трае 45 часа, што им навестило на научниците дека околу нејзината орбита е можно да постои нешто што ја успорува нејзината ротација околу сопствената оска. Токму поради тоа, понатамошните истражувања придонеле за откривање на природниот сателит на овој планетоид.

Ваквите откритија се само дополнителна мотивација за повнимателно истражување на овој далечен дел од Сончевиот систем. Се проценува, дека зад орбитата на Нептун, постои толкава бројка на разни објекти кои кружат околу Сонцето, што постојат само околу 70.000 објекти со пречник над 100 километри кои ја пресекуваат орбитата на Нептун, секоја година.

Поддржете ја нашата работа: