Засадете растенија во својата канцеларија. Ќе ви помогнат во намалување на стресот

Доколку го пополните вашиот работен простор со засадени растенија, тие ќе го прочистат просторот од разни токсични материи и ќе ви помогнат да бидете поздрави, намалувајќи ви го нивото на стрес. За ова говори една студија од Австралија, а во нејзина корист одат резултатите од едно слично поранешно истражување на научниците од НАСА.

Заклучокот особено се однесува на работни простори во облакодери кои имаат вграден вентилационен систем при што вирусите се шират со поголема брзина.

Зелените простории го поттикнуваат чувството на смиреност и релаксација, а се доста корисни поради прочистувањето на воздухот од некои токсични хемикалии и одржувањето на оптимално количество на влага во затворен простор – велат Eddie van Etten и Pierre Horwitz, соработници на Австралискиот центар за управување со екосистеми при универзитетот Edith Cowan.

Еден од многуте хемиски соединенија кои се ослободуваат во работните простори од мебелот, пвц дограмата, тапетите, линолеумот и сите видови детергенти е формалдехидот – испарливо органско соединение кое ја иритира очната слуз, носот и грлото и поттикнува алергиски контактен дерматитис. Исто така негативно влијае на функцијата на респираторниот тракт и може да предизвика главоболка.

Помеѓу другите хемикалии кои се ослободуваат се и бензенот, толуен, етилбензен и ксилен, па дури и амонијак од разните средства за чистење.

Собните растенија делуваат како еден вид биолошки филтер, собирајќи поголем дел од прашината на своите листови. Така апсорбираат лоши материи и ослободуваат повеќе кислород.

Студијата која претходно ја направи НАСА, покажува дека собните растенија го прочистуваат воздухот, спречувајќи ширење на болести кои се развиваат од вируси. Одредени видови на растенија се одлични во борбата против несоница, настинка или стрес.

Поддржете ја нашата работа: