Жителите од Пацификот носат ДНК од досега непознат човечки вид

Делови од неидентификуван, изумрен човечки вид биле пронајдени во ДНК-та на модерните жители на Меланезија – оние кои живееле во регионот на Јужниот Пацифик, североисточно од Австралија.

Според новите генетски моделирања, расата најверојатно не е Неандерталец или Денисован – два антички видови кои се претставени во фосилните остатоци, туку може да претставува трет непознат човечки роднина кој досега успешно успеал да ги избеге археолозите.

Рајан Бохлендер, статистички генетичар од Универзитетот во Тексас, и неговиот тим ги испитувале процентите на ДНК-та на изумрените хоминиди која модерните луѓе се уште ја носат денес, и пронашле разлики во претходните анализи кои укажуваат дека покрај Неандарталците и Денисованите, имало и некој друг.

Се смета дека пред околу 100.000 до 60.000 години, нашите предци мигрирале од Африка, и го воспоставиле првиот контакт со други човеколики видови кои живееле на евроазиската територија.

Овој контакт оставил трага на нашиот вид која се’ уште може да се најде и денес, со тоа што Европејците и Азијците носат посебни генетски варијанти на ДНК-та на Неандарталците во своите геноми.

230240842-neanderthal_600

Додека нашиот однос со Неандерталците е широко истражен, како сме стапиле во интеракција со Денисованите – далечните роднини на Неандерталците, е помалку јасно.

Проблемот е што Неандерталците се добро застапени во фосилните остатоци кои биле откриени низ Европа и Азија, додека се што имаме за Денисованите е само една коска од прст и неколку заби, пронајдени во една сибериска пештера во 2008 година.

Со користење на нов компјутерски модел за да се пресмета износот на ДНК од Неандерталците и Денисованите кој модерните луѓе го носат, Бохлендер и неговите колеги откриле дека Европејците и Кинезите носат слична количина: 2,8 проценти. Овој резултат е сличен со претходните истражувања кои проценувале во просек помеѓу 1,5 и 4 проценти ДНК од Неандерталците.

Но кога стигнале до Денисовановата ДНК, работите станале малку комплицирани, особено кога станува збор за модерната популација која живее во Меланезија – област на Јужниот Пацифик која ги опфаќа Вануату, Соломоновите Острови, Фиџи, Папуа Нова Гвинеја, Нова Каледонија, Западна Папуа и Малуку островите.

Европејците немаат траги од Денисовановата ДНК, а луѓето во Кина многу мал износ– само 0,1 процент, според пресметките на Бохлендер. Додека пак 2,74 проценти од ДНК-та на луѓето од Папуа Нова Гвинеја доаѓа од Неандерталците.

Бохлендер проценува дека количината на ДНК од Денисованите кај жителите на Меланезија е околу 1,11 проценти, а не претходно проценетите 3 до 6 проценти, со што дошол до заклучок дека трета група на хоминиди може да дошла во контакт со нивните предци.

„Човечката историја е многу покомплицирана отколку што мислевме“ – вели тој.

melanesian-girls_1024

Ова откритие е подржано и од друго истражување од страна на Природонаучниот музеј во Данска, кој анализирал ДНК на 83 Австралијанци – Аборџини и 25 луѓе од планинските предели на Папуа Нова Гвинеја. Како што беше објавено минатиот месец, тие се најстарата континуирана цивилизација на Земјата, која датира од пред повеќе од 50.000 години.

Но резултатите покажале и нешто друго. Нивната ДНК била многу слична на онаа на Денисованите, но доволно различна за истражувачите да укажат дека може да имало трети, неидентификувани хоминиди.

Додека немаме повеќе конкретни докази за оваа хипотеза на трет човечки вид, не можеме да го докажеме ова, и сепак, проценките на Бохлендер треба да поминат под дополнителна котрола.

Меѓутоа, доказите укажуваат дека нашите интеракции со античките луѓе се многу покомплицирани отколку што претпоставувавме.

Резултатите од анализата на Бохлендер беа презенирани минатата недела на средбата на Американското друштво за хумана генетика за 2016-та година во Канада.

Поддржете ја нашата работа: