Зошто ефектот од ЛСД трае толку долго?

„Трипувањето“ ( различни душевни патувања, собирање искуства од претходни животи, гледање визии и слушање гласови) со диетиламид лизергинска киселина (ЛСД), трае помеѓу 6 и 20 часа. Зошто дејството трае толку долго до сега не беше познато. Едно ново истражување објаснува дека се се сведува на тоа како ЛСД се врзува за серотонинските рецептори на мозочните клетки.

Во експериментот, научниците од Универзитетот во Северна Каролина, факултет за медицина, успешно врзале ЛСД на човечки серотонински рецептор кој потоа заедно ги кристализирале преку протеинска кристалографија. Овој процес им овозможил да забележат што всушност се случува кога дрогата активно го вложува својот психоделичен ефект на мозочните клетки.

Еве што виделе: Кога ЛСД молекула се среќава со рецепторот, дел од него се преклопува над молекулата. Истражувачите го споредиле ова со начинот на кој работи една обична канта за ѓубре – присуството на ЛСД го поттикнува рецепторот да се затвори и да ја зароби молекулата. Ефектот завршува со тоа што ЛСД молекулата дава сигнал на рецепторот, вовлечен во ќелијата за на крајот заедно да се расклопат. Овој експеримет исто така, го побива претходното верување дека ЛСД ја “мие” течноста во мозокот во рок од четири часа.

“Сметаме дека овој капак е причината зошто ефектот од ЛСД трае толку долго. На ЛСД дрогата и треба долго време за да добие излез од рецепторот, а причината за тоа е капакот”, вели Д-р Брајан Рот во соопштението.

the-orange-bar-is-the-lid-that-keeps-lsd-boundИстражувачите, наместо само да набљудуваат што се случува во мозокот, тие синтетизирале серотонински рецептори од лабораториски клетки и ги поднесле во ЛСД молекули, а потоа ги замрзнале во моментот каде двата имале интеракција со вртење во кристализирана структура. На тимот им биле потребни две години за да создадат еден од овие кристали – откритие кое им дозволило да направат од моментот слика со помош на Х-зраци, со која го донесуваат заклучокот за капакот.

Рот вели дека ова истражување им овозможува на научниците да имаат подобро разбирање за структурата на ЛСД дрогата, и како таа влијае на мозокот, што може да доведе до развој на терапевтски лекови кои содржат ЛСД. Други истражувачи пак, тврдат дека ЛСД дрогата, може да биде решение за болести како анксиозност и зависност.

Поддржете ја нашата работа: