Зошто исчезнал Мегалодонот?

Истражувачите можеби конечно сфатиле зошто најголемата ајкула во светот – мегалодон (Carcharocles megalodon) исчезнала пред 2,6 милиони години, и тоа е поради нејзиниот омилен оброк.

Врз основа на новите анализи на фосили, тимот смета дека моќната, 16 метри долга ајкула најверојатно изумрела веднаш по нејзиниот омилен плен –џуџестиот кит кој исчезнал од планетата со нејзиното затоплување, давајќи им шанса на поголемите китови кои ги знаеме денес.

„Исчезнувањето на последната ајкула со гигантски заби можеби е предизвикано од падот на неколку династии на мали до средни китови во корист на модерните гигантски китови“- вели Алберто Коларета од Универзитетот во Пиза, Италија за „New Scientist“.

Доколку не сте запознаени, мегалодонот е огромна, праисториска ајкула за која големата бела ајкула не е ништо во споредба. Со вилица 3 метри широка која може да уништи се пред себе, овие ајкули биле неверојатно силни.

Погледнете како изгледале во споредба со другите ајкули денес:

Megalodon_scale

„Rhincodon typus“ (виолетовата) е ајкулата-кит, а „Carcharodon carcharias“ (зелената) е големата бела ајкула. Сивата боја е максималната проценета големина за мегалодонот, а црвената конзервативна проценка за големината.

Се верува дека овој вид на ајкула талкал во океаните околу 20 години пред одеднаш да изчезне пред околу 2,6 милиони години. Причината за ова е дебатирана многу, но сега Коларета и неговиот тим сметаат дека ја пронашле.

Врз основа на анализи на траги од забите оставени на фосили од стар морски цицач пред 7 милиони години, тимот го идентификувал најомилениот плен на ајкулата – џуџестиот кит, заедно со некои фоки исто така.

„Помеѓу трагите оставени од забите на мегалодонот била и вилицата од ситниот, изумрен вид на кит наречен „Piscobalaena nana“ и раниот вид на фока наречена „Piscophoca pacifica“. И двете животни растеле помалку од 5 метри, што е помалку од една третина од големината на мегалодонот“ – изјавува Греј за „New Scientist“.

Додека животното се навикнало на лов на овој конкретен плен, тимот смета дека затоплувањето на климата пред многу години убило многу помали китови кои живееле покрај крајбрежјата во светот, вклучувајќи го и џуџестиот кит.

Не само што тоа значело помалку китови за ловење за мегалодоните, туку како и што се топеле половите на Земјата и отстапувале место на бујниот океански екосистем, се појавиле и поголеми суштества како сините китови кои брзо се прилагодиле на овие поларни, ладни води станувајќи огромни величествени суштества како што ги знаеме денес.

Истражувачите сметаат дека оваа смена на популација влијаела на мегалодонот во два погледи: ги принудила да ловат поголеми китови, кои најчесто биле преголеми за да ги совладаат, и ги принудила да останат во своите крајбрежни живеалишта, не можејќи да преживеат во студот на половите каде другите суштества наоѓале изобилство на храна.

Некои, сепак, сметаат дека ајкулите успешно ги јаделе поголемите пленови одвреме навреме, иако останува нејасно дали тие ги ловеле самите или пак едноставно ги пронаоѓале и ги јаделе нивните трупови.

Треба да се направат повеќе истражувања за целосно да се разберат сите аспекти на падот на мегалодонот, но сега конечно научниците имаат трага за тоа што би можело да биде причината за исчезнувањето на најголемата ајкула во светот, а тоа е едноставно гладот.

Работата на тимот е објавена во „Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology“.

Поддржете ја нашата работа: