Зошто кај некои луѓе мозокот старее побрзо?

Истражувачите од Медицинскиот центар на Универзитеот Колумбија откриле генетска мутација која во голема мера влијае на стареењето на мозокот кај постарите лица.

„Кога ќе погледнете една група постари лици ќе забележите дека некои изгледаат постари од нивните врсници, додека други изгледаат помлади. Истата разлика во стареењето може да се забележи и во фронталниот кортекс – дел од мозокот кој е одговорен за високите ментални процеси. Нашите наоди покажуваат дека многу од овие разлии се поврзани со варијации на генот наречен „TMEM106B“вели Аса Абелиович, професор по патологија и неврологија на Институтот за истражување на Алцхајмеровата болест и стареење на мозокот на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

„Лицата кои имаат две „лоши“ копии на овиј ген имаат фронтален кортекс кој покажува знаци дека е 12 години постар, во однос на лицата со иста возраст- мерено со различни биолошки мерки“– вели Абелиович.

До 65-тата година сите се еднакви, а потоа, очиглдно се активира некој вид на стрес. Ако имте среќа да имате две добри копии од овој ген, добро ќе одговорите на стресот, но ако имате два „оштетени“ гена, вашиот мозок ќе старее побрзо, објаснува професорот.

Во претходни истражувања идентификувани се поединечни генетски варијации кои го зголемуваат ризикот од невродегенеративни заболувања, како што е генот „APOE“ (аполипопротеин Е), з аАлцхајеровата болест.

„Меѓутоа, овие гени може да објаснат само мал дел од тие болести. За сега главен ризик фактор за неврдегенеративните болести претставува стареењето. Со стареењето нешто се менува во мозокот што не прави поподложни за болестите на мозокот. Се прашувавме што е тоа што на биолошко ниво го преизвикува старењеето на мозокот“, вели коавторот на студијата Херв Рин, професор по патологија и клеточна биологија.

Научниците ги идентификувле генетските варијации додека ги истражувале генетските податоци добиени со анализа на обдукциони примероци од 1.904 лица кои не страдале од невродегенертивни болести.

Откривањето на варијациите на генот „TMEM106B“ би можело да доведе до развој на нови биомаркери за евалуација на интервенциите против стареење и идентификација на потенцијални нови   можности за спречување или лечење на болестите поврзани со стареењето, како што е Алцхајмеровата болест.

 

Поддржете ја нашата работа: