Зошто кучињата мирисаат кога се мокри?

Кога вдишуваме, микроскопските молекули кои се наоѓаат во воздухот „се залепуваат“ за едни специјални клетки, наречени сетилни неврони за мирис, кои се наоѓаат длабоко во нашата носна празнина. Овие клетки го претвораат хемискиот елемент на овие молекули во електричен сигнал, кој се испраќа до мозокот. Таму, електричниот сигнал го активира мозочното коло кое ни помага да ги идентификуваме миризбите; на пример – мокро куче!

Кучињата се преполни со микроорганизми кои испуштаат миризба. Поточно, мирисот доаѓа од екскретите од бактериите и габите кои живеат во неговото крзно. Меѓутоа, кога овие микроорганизми се суви, тие не испуштаат никаква миризба. Водата ги раскинува хемиските врски кои ги поврзуваат, ослободувајќи миризливи молекули во воздухот. Како што водата испарува, се зголемува релативната влажност на воздухот околу кучето.

Влажниот воздух „собира“ повеќе молекули (исто така и топлиот воздух, па комбинацијата на топол и влажен воздух може да има големо влијание на мирисот), а поголемата концентрација на молекули во воздухот значи дека повеќе молекули ќе влезат во нашата носна празнина и ќе ги „нападнат“ невроните за мирис. Ете затоа кучињата мирисаат кога се мокри!

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусијата на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: