Зошто листот од чајно дрво произведува повеќе вкусови?

Ботаничарите ја откриле тајната на растението заслужно за производство на чај, а резултатите од истражувањето на научниот тим во Кина кој ги декодира генетските информации на растението Camellia sinensis, чии листови се употребуваат за сите видови на чај, вклучувајќи го црниот, зелениот, белиот, улонг и чаи, се објавени во списанието Molecular Plant.

Camellia sinensis е зимзелена грмушка позната како чајно дрво.

До неодамна малку беше познато за генетиката на ова растение, и покрај неговото големо економско и културно значење, а со ова истражување е добиен увид во хемикалиите кои овозможуваат чајот да дава вкус и арома.

“Постојат многу различни вкусови, но тајната е во тоа што ја одредува генетската основа за вкусови на чајот. Со мапирање и секвенционирање со помош на нови технологии, работиме на завршување на геномот на чајното дрво, кој ќе истражи некои од аромите и вкусовите”, вели ботаничарот Лижи Гао од Кунмин Институтот за Ботаника.

Родот Camellia брои преку 100 видови, вклучувајќи и декоративни градинарски растенија, но само Camellia sinensis се одгледува за производство на чај. Ботаничарите откриле дека листовите од чајно дрво содржат високо ниво на хемикалии кои на чајот му даваат специфичен вкус, вклучувајќи ги флавонидите и кофеинот. Останатите видови на родот Camellia ги содржат тие хемикалии во значително помала количина.

Д-р Моник Симондс, заменик-директор на Кралските Ботанички градини (Кју гарденс), недалеку од Лондон, вели дека истражувањето е важен придонес кон разбирањето на генетските “градежни делови” на чајното дрво.

“Најновите откритија би можеле да имаат значително влијание врз сите оние кои се вклучени во одгледувањето на чај, а исто така, и за одгледување на многуте растенија кои се користат за медицински и козметички цели“, вели Симондс.

Декодирањето на геномот на чајното дрво траело повеќе од пет години. Геномот е четири пати поголем од геномот на кафето.

 

 

Поддржете ја нашата работа: