Зошто настанале месојадни растенија?

Во природата животните се тие кои јадат растенија, но постојат неколку видови растенија кои го кршат ова правило. Научниците сега ја откриле генетската историја на еден од најбизарните видови на месојадни растенија.

Еден тим на експерти од Универзитетот во Бафало анализирал неколку видови растенија од фамилијата (Nepenthes), кои најмогу ги има во Азија и кои јадат инсекти, така што ги привлекуваат во замка која изгледа како стапица.

Некои варијации од овие необични растенија изгледаат како човечки очи, поради што се уште повеќе застрашувачки.

Научниците откриле дека различните варијации на ова тропско растение, пронајдени на различни делови од светот покажуваат неверојатно слична генетска историја.

“Овие растенија имаат генетски прибор за јадење. Ние се обидуваме да дојдеме до одговор на прашањето за тоа како овие растенија имаат способност да го варат животинското месо, па решивме да погледнеме подобро,” вели Виктор А. Алберт, биолог од Универзитетот во Бафало.

Ова растение убива инсекти, така што ги мами во листот кој изгледа како чашка полна со восок, и е со масна внатрешност која го отежнува излегувањето надвор. Еднаш откако ќе паднат внатре, несреќните жртви веќе се варат и апсорбираат.

Тајната е во ензимите

Најновите истражувања покажуваат дека различни видови на растенија кои јадат инсекти, користат многу слична форма на ензими за варење.

Се верува дека овој смртоносен сок еволуирал од ензими кои растенијата ги користеле порано за самоодбрана, и полека се претворил во хемикалија за убивање бидејќи растенијата немале ништо друго за јадење. Другиот ензим служи за затворање на чашката, а третиот помага при извлекување на хранливи материи од проголтаниот инсект.

“Месојадните растенија често живеат во средина која е лоша за набавување на потребните хранливи материи кои се потребни за раст, па нивната способност да ги фати инсектите станува неопходен начин за наоѓање на храна”, вели Кенџи Фукушима од Националниот институт за биологија во Јапонија.

Поддржете ја нашата работа: