Зошто некои луѓе сакаат животни а некои не?

Со ова прашање се позанимавал Џон Бредшо од Универзитетот во Бристол, едукатор, советник, мотивациски говорник, а исто така и еден од пионерите на новонастанатото поле на антрозоологијата, науката за интеракции помеѓу човекот и животните, и дошол до интересни откритија.

Според неговите зборови, во последно време често се спомнува благотворниот ефект од кучињата и мачките врз здравјето на човекот.

“Додека истражував за мојата нова книга, открив две прашања кои се поврзани со ова тврдење. Прво, постојат бројни студии кои покажуваат дека миленичињата немаат никакво влијание врз здравјето на луѓето, а во некои случаи дури ефектот е од негативен карактер. Исто така, сопствениците на миленичиња не живеат подолго од луѓето кои немаат миленици.

Дури и ако овие тврдења се точни, тие се однесуваат само на луѓето кои живеат во сегашно време и не се однесуваат на сите предци кои биле ловци. Затоа тоа не може да биде причина поради која луѓето започнале да вдомуваат миленици”, објаснува Бредшо.

Чувањето на животни во домот е толку распространето, што лесно е да се помисли дека станува збор за универзална особина на човекот, објаснува Бредшо. Таквата пракса сепак, не е традиција на сите општества. Дури и на запад постојат многу луѓе кои немаат афинитети за такво нешто.

Чувањето на животни во домот е најчесто обичај на семејството, меѓутоа неодамна е направена студија која покажала дека во целата приказна постои и генетска основа. Некои луѓе, без оглед на начинот на кој израснале имаат предиспозиции за барање друштво од животните, додека други немаат.

Бредшо смета дека гените кои промовираат потреба за домашен миленик се можеби уникатни за човекот, но не се универзални, што укажува дека некои општества или поединци во минатото успевале поради инстиктивниот однос со животните.

Втор фактор со кој Бредшо се занимава во своето истражување е ДНК на домашните миленици. Според неговите откритија, секое денешно домашно животно во денешно време носи потомство од предок кој во минатото бил одвоен од него.

“Во тоа време луѓето почнале да одгледуваат добиток. Не е јасно како тоа можело да се постигне ако тие кучиња и мачки се третирале како обична роба. Да било така, достапната технологија не би била соодветна за спречување несакано парење помеѓу диви и домашни животни кои можеле взаемно да се приближат, разблажувајќи ги гените за натамошно припитомување. Покрај тоа, во периодот на глад би дошло до колење на добитокот, со што би се избришале гените за припитомување“.

Натаму Бредшо објаснува дека во случај доколку некои од тие први домашни животни се третирале како миленици, нивното задржување во човечките живеалишта би ги спречило дивите мажјаци да се парат со домашни женки. Исто така, посебниот општествен статус на некои домашни миленици кои биле во сопственост на ловци, би спречило нивно убивање поради храна.

Бредшо смета дека таквите изолирани нови полу-припитомени животни биле во можност да се развиваат различно од своите предци и да станат онакви какви што денес ги знаеме.

Неодамнешните студии велат дека љубовта кон домашните миленици најчесто оди во пар со свеста за природата. Бредо заклучува дека луѓето грубо можат да се поделат на оние кои се грижат за животните и животната средина, и оние кои уживаат во двете работи, вдомувајќи домашни миленици како ентузијасти во урбаното општество. Домашните миленици можат да придонесат за зајакнување на врската помеѓу човекот и природата, од која еволуирале.

Поддржете ја нашата работа: