Зошто никој не може да го пронајде гробот на Џингис Хан?

Многу голема Земја со многу големи легенди. Без патишта, без постојани градби, само огромно небо, тафтувана сува трева и силни ветришта. Екипа од Би-Би-Си заминала таму да истражи нешто повеќе од она што се знае – провинцијата Ömnögovi, Монголија, која е бесконечна дури и ако се патува со автомобил, земјата на Џингис Хан, еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото.

Неговата приказна, исполнета со крвопролевање, љубов и одмазда е запишана во историјата, а започнала непосредно после неговата смрт. Џингис Xан, некогаш одамна владеел со сите помеѓу Тихиот океан и Каспиското езеро, а непосредно пред неговата смрт, побарал да биде погребан на тајно место, а желбата му била исполнета.

800 години од неговата смрт до денес, никој не успеал да го пронајде гробот на Џингис Хан. Странски експедиции пробале да го пронајдат низ историски текстови, ширум Монголија, па дури и набљудувајќи ја оваа Земја од вселената. Проектот “Долината на Хан” на National Geographic користел сателитски снимки во потрагата по неговото гробно место, а она што е најинтересно, е фактот нека Монголите не сакаат да биде пронајден, не затоа што Џингис Хан не бил значаен за таа земја, туку баш спротивно.

За било кој странец до денес е комплицирано да разбере, зошто од неговата смрт, во 1227ма година, до денес е забрането да се бара неговиот гроб. Странските медиуми, потпирајќи се на наодите сеуште смислуваат романтичарски приказни за таканареченото проклетство, за верувањето дека светот ќе престане да постои доколку гробот се пронајде. Станува збор за легендата за Тамерлан, така наречен (Тамерлан Kуциот) бидејќи имал конгенитален дефект на левото стапало, кој бил турско-монголски крал од 14ти век, чиј гроб беше отворен во 1941ва година.

Веднаш по отварањето на гробот, нацистичките војници ја нападнале СССР, започнало крвопролевањето на Втората светска војна на источниот фронт. Суеверните луѓе тоа би го сметале како причина и последица. But Uelun, Монголка која работи како преведувач на Државниот Универзитет Buryat во Улан Уде во Русија, смета дека станува збор за почитување. Џингис Хан едноставно не сакал да биде пронајден.

Отворањето на гробот на Џингис Хан би било кршење на неговата последна желба. Монголија е земја со долга традиција и длабока гордост. Многу семејства чуваат таписерии со ликот на Големиот Хан. Некои се идентификуваат како “Златни потомци”, а низ цела земја воинот останува моќна икона.

Освен културниот притисок, да се придржуваат до последната желба на Џингис Хан за тајност, мноштво технички проблеми го спречуваат пронаоѓањето на гробот. Монголија е голема и неразвиена, од Велика Британија е поголема за седум пати, а само Гренланд е поненаселен од неа. Во такви околности, секој поглед претставува епска дивина.

Д-р. Diimaajav Erdenebaatar ја посветил својата кариера, со цел да се надминат таквите проблеми во служба на археологијата. Шефот на одделот за археологија на Државниот универзитет во Улан Батор, бил член на првата заедничка експедиција која го барала гробот. Јапонско-Монголскиот проект, наречен “Gurvan Gol” во превод, три реки, се фокусирал на неговото родно место во провинцијата Хентии, низ која течат реките Онон, Херлен и Туул, во близина на денешната местоположба на Улан Батор.

Од 2001 година тој го ископува 2000 години стари гробишта на кралството Xiongnu во провинцијата Аркхангаи. Д-р. Erdenebaatar верува дека Xiongnu биле предци на Монголија, што е теорија во која уште верувал Џингис Хан. Тоа би можело да значи дека сличните погребни обреди ни дава слика за тоа како изгледа гробот на Џингис Хан. Гробницата се наоѓа на повеќе од 20 метри длабочина, во комори од дрво, со ознака на горниот дел во облик на квадратести камења.

Д-р Erdenebaataru го чинела деценија додека не го откопал првиот гроб, кој веќе бил ограбен. Сепак пронашол мноштво скапоцени метали, кои ги однесол во малиот Музеј. Златни и сребрени орнаменти биле закопани заедно со коњите кои биле жртвувани на погребното место на Xiongnu кралевите.

Многумина веруваат дека гробот на Џингис Хан е полн со слични добра, собрани во текот на монголската империја. Ова е една од причините зошто интересот на странците е сеуште толку силен.

Фолклорот смета дека Џингис Хан е погребан на врвот на планината Бурхан Халдун, околу 160 км. североисточно од Улан Батор. Научниците меѓутоа не се согласуваат со тоа. “Таа е света планина”, вели Д-р. Содном Тсолмон, професор по историја на Универзитетот во Улан Батор, експерт за 13ти век.

Научниците користат историски записи за да го лоцираат местото на гробот. Сите пронајдоци до кои се доаѓа се често контрадикторни. На пример, кога е погребан Џингис Хан, се вели дека на тоа место поминале 1000 коњи со цел да се изгуби секаква трага. Тоа асоцира на долина или низина. За работите да станат уште понејасни, идентификувани се дури пет други планини кои се викаат Бурхан Халдун, иаке се смета дека оваа планина има историско точно место. и како трето и основно, жените немаат пристап на планината, бидејќи е света.

Дури околината некогаш била затворена за сите, освен за кралското семејство. Khan Khentii денес е строго заштитена област под УНЕСКО. Со таков статус, Бурхан Халдун остана надвор од дофатот на истрачувачите, што значи, сите теории за гробот се заробени во неизвесност.

Џингис Хан не само што го освоил светот, туку и го цивилизирал. Тој денес останал како лик за огромна почит, што е причина зошто Монголите не сакаат да се вознемирува неговиот гроб. Да сакал да го пронајдеме, ќе ни оставел некаков знак – велат жителите на Монголија.

Поддржете ја нашата работа: