Зошто се зголемуваат лимфни јазли кај децата?

Зголемување на лимфните јазли или лимфаденопатија кај децата е честа причина за загриженост кај родителите и мотив да се оди на лекар.

Лимфните јазли се мали жлездени структури кои се секретираат во лимфните канали. Се наоѓаат насекаде по телото се чувствуваат под кожата на вратот, пазувите, препоните. Лимфните жлезди се составени од лимфно ткиво, кое содржи голем број на бели крвни клетки. Тие имаат заштитна функција со што се спречува ширењето на заразните болести. Кај децата овој систем е особено активен на возраст од 4-14 години.

Отечени лимфни јазли во детска возраст укажуваат на некаква инфекција во отечената регија. Кога различните микроорганизми (стрептококи, стафилококи, пневмококи) ќе стигнат во лимфните јазли тие предизвикуваат акутен лимфаденит (воспаление). Доколку воспалението стигне во лимфните канали инфекцијата се вика лимфангитис.

При оваа состојба лимфните јазли се чувствителни, потечени и црвени и може да бидат болно зголемени. Може да дојде до зголемување на телесната температура, малаксаност, губење на апетит. Болеста може да трае неколку дена и да помине без терапија. Во некој случаи инфекцијата се локализира во лимфните јазли, при што тие може да бидат оштетени и да настане апсцес кој може да ги достигне и лимфните канали.

Обично кога постои воспаление на лимфните јазли во различни делови од телото тоа е очевидно и локализацијата е различна и тоа:

  • Кога има инфекција на глава, се зголемуваат лимфните јазли на задниот дел од главата таканаречени окципитални-вратни лимфни јазли.
  • При инфекција на уши може да се зголемат лимфните јазли пред или зад увото,
  • Кога станува збор за воспаление во пределот на лицето и носот може да се зголемат или да станат чувствителни жлездите на вратот,
  • Инфекција локализирана во стапалата или прстите на долни екстремитети ќе доведе до зголемување на жлезди во препоните,
  • Инфекцијата на прстите на раката предизвикуваат реакција на жлездите под пазувите.
  • Некои заразни болести како што е рубеола водат до зголемување на лимфните јазли, конкретно при примерот за рубеола особено очевидно е зголемување на субокципиталните (под тилот) и ретроаурикуларни (позади уво). Мононуклеоза е пример при кој има згоемување на цервикалните лимфни јазли.Кога станува збор за зголемени лимфни јазли кај децата, вреди да се напомене токсоплазмоза која најчесто настанува кај семејства кои чуваат мачки. Децата кои се во близок контакт со мачки може да се инфицираат со паразитот токсоплазма. Мачките кои се носители на овој паразит го излачуваат во надворешната средина преку измет во форма на цисти.

    Детето се заразува преку голтање на цистите преку контаминирани раце. Лимфаденит е клиничка манифестација на ова заболување и може да е зафатен еден или повеќе лимфни јазли-генерализиран лимфаденит.

    – Постојат и други болести кои треба да се имаат во предвид кога се соочуваме со зголемени лимфни јазли (цитомегаловирус, ХИВ, ревматоиден артрит, метаболни болести).

    Третман

    Во многу случаи, антибиотиците се решение. Доколку станува збор за апсцес може да е неопходен хирушки зафат.

    При поставување на диференцијална дијагноза на локализирано или генерализирано зголемување на лимфните јазли се вклучени малигните заболување. Малигнитети кај деца се ретки, но ако не реагираат на терапија со антибиотици треба да се упатат на педијатар, хематолог, и хирург и доколку е потребно да се направи биопсија.

    Извор: Pharma News

Поддржете ја нашата работа: