Научниците од „Northland“ колеџот предходната година објавија истражување за флуоресцентни крзна на одредени видови летечки верверици.
Ова истражување било спроведено со помош на музејската колекција на крзна од музејот во Чикаго. По откриваето на флуоресцентните крзна кај одредени видови летечки верверици тие од чиста љубопитност земале крзно од платипус и го поствиле под ултравиолетова светлина.
На изненадување на научниците крзното на платипусот почнало да свети со фантастични плаво зелени нијанси.
Со цел да се утврди дека не станува за некоја грешка тие истиот тест го повториле и со крзна од музејот во Линколн – Небраска и ги добиле истите резултати.
Следниот пат доколку одите во Австралиската дивина и сакате да видите Платипус, не заборавајте да понесете и УВ ламба