Малку е познато дека првата компјутерска програма ја направила жена и тоа уште пред создавањето на самиот компјутер. Запознајте ја Ада Лавлејс.
На почетокот на 19 век, Чарлс Бебиџ направил машина која можела да решава различни математички операции без да ги прави грешките кои се вообичаени во рачните пресметки.
Некои од ваквите сметачи работеле и со помош на пареа, додека други се ракувале рачно. Подоцна, Бебиџ ја направил машината „Аналитички мотор“, која користела специјални картички за да ги „запомни“ операциите што некогаш биле извршени на неа.
Ада Лавлејс или „Вилата на броевите“, како што ја нарекол Бебиџ, била импресионирана од неговата машина, па во текот на 1842 и 1843 година превела текст на италијанскиот математичар Луиџи Менабре, кој се однесувал на моторите, но во него додавала и свои забелешки, меѓу кои се нашол и еден вид алгоритам. Така е создадена првата компјутерска програма со која „Аналитичката машина“ можела да ја пресмета низата на Бернули и оттогаш работела со полн потенцијал.
Во 1998 година, Здружението на британски програмери почна да доделува медал во нејзина чест, а компјутерската програма наречена Ада беше создадена во САД и одобрена на годишнината од нејзината смрт. Денес таа е официјална компјутерска програма на американската армија.