Посмртни останки на дете кое на многу необичен начин е погребано недалеку од Рим во средината на петтиот век, укажуваат дека заедницата на која ѝ припаѓало, причините за тешките болести ги гледале во вампиризмот.
Во минијатурна гробница, среде поранешна римска вила во италијанскиот град Луњан, пронајдено е тело на десетгодишно дете кое починало пред повеќе од 1.500 години. Неговиот скелет бил поставен странично, а во устата, која била ширум отворена, било вметнато парче варовник со големина на поголемо јајце.
Истражувачите веруваат дека ова дете, чиј пол сѐ уште не е познат, починало по смртоносната епидемија на маларија. Тешката болест ја погодила заедницата што го населувала овој средновековен град, лоциран околу 100 километри северно од Рим, во текот на петтиот век. Археолозите веруваат дека забите пронајдени на каменот во устата на детето е намерно поставен таму по неговата смрт. Тоа било бизарна древна практика што би го спречила детето да стане од мртвите и да продолжи да ја шири инфекцијата.
„Знаеме дека ваквиот тип на невообичаена процедура најчесто укажува на страв од ‘не-мртвите’, а особено на стравот дека овие покојници би можеле да се вратат од гробовите за да продолжат да ја шират инфекцијата меѓу живите. Ставањето камен во устата на детето било буквално или симболично да се оневозможи тоа“, вели Џордан Вилсон, биоархеолог и докторант на Универзитетот во Аризона, дел од тимот што го откри скелетот.
Ова откритие е последното од неколкуте десетици скелети пронајдени во „La Necropoli dei Bambini“ или „детските гробишта“, напуштена римска вила која била претворена во масовна детска гробница во средината на петтиот век.
„Заедницата, која била во транзиција од паганизам во христијанство, преплашена од смртта, не можела да ја објасни епидемијата, пристапила кон вештерство и ритуално погребување на деца“, вели Дејвид Сорен, професор на Универзитетот во Аризона кој ги надгледувал археолошките ископувања во последните три децении.
Новите наоди даваат увид во преплашеното општество кое се соочувало со смртоносна, непозната болест. Како што оценуваат дел од археолозите, можеби токму тоа било една од причините за отворање на патот за крајот на Римската империја, па дури и веројатна препрека за воениот водач на Хуните, Атила, „Божјиот камшик“, да ја нападне Италија.
„Сигурно тоа било ситуација кога не знаете што се случува, немате поим за тоа. Во очај, тој ќе пробате речиси сѐ и ќе го слушате секој што ќе понуди објаснување“, вели Сорен.
Тој додава дека за гробниците дознал во 1987 година, кога бил поканет да го посети Луњано, центар на вештерството од периодот на Римската империја.
Во погребните јами, покриени со кал, имало остатоци од доенчиња, мали деца и абортирани фетуси, кои биле закопани заедно со канџи од гавран, коски од жаби, бронзени котли полни со пепел и жртвени кученца.
Археолозите ги нарекуваат овие погребувања „изопачени погребувања“: тоа било древен начин на закопување на луѓе од кои живите се плашеле, затоа што верувале дека имаат натприродни моќи, како што се враќањето од мртвите или оние кои ги прекршиле општествените правила, изјавил Вилсон.
Сорен и неговиот тим археолози оттогаш откопаа останки на 51 дете за кои, преку биомолекуларни тестови, е докажано дека починале од маларија, а се верува дека фетусите биле осудени на оваа болест пред раѓањето. Најстарото дете имало десет години, а токму тоа е она чии останки неодамна се откриени. Истражувачите сè уште немаат спроведено дополнителни анализи за да утврдат дали детето починало од маларија, но доказите како што е гноен заб, кој е несакан ефект на болеста, укажуваат дека тоа навистина било така.
Луњано не е единственото место каде што се вршеле „погреби на вампири“. Во Венеција, на северот на Италија, посмртните останки на една постара жена од 16 век, била закопана со тула во устата, а откриена во 2009 година, е наречена „вампирот од Венеција“. Во Англија, на 120 километри северно од Лондон, минатата година е пронајден маж од третиот или четвртиот век, кој имал камен на местото каде што порано му бил јазикот.
Зад сите овие бизарни откритија стојат човечки суштества кои живееле во страв, заклучува Вилсон.
Во петтиот век, во урбанизираната Римска империја, која била империја во изумирање, се појавиле бројни инфекции и болести, кои се ширеле преку загадената храна и вода. Мочуриштата околу Рим биле рај за комарците, кои создале погодна средина за појава на маларија, која како болест останала енигма сѐ до 19 век.