(ВИДЕО) Како се создаваат „ледените палачинки“? Необичен и редок феномен забележан низ Велика Британија

Snapshot/youtube

Откако минатата недела во Велика Британија температурата на воздухот драстично се намали, на површината на реките и езерата се појавија необични кругови од мраз познати и како „ледени палачинки“.

Шетајќи близу реката Бладно, менаџерот на проектот за инвазивни видови на Шкотска, Калум Синклер забележал необични плочи од кашест мраз како лебдат на  површината. Воодушевен од нивната совршена форма, тој направи неколку снимки и им ги проследи на своите колеги. Наскоро видеото на кое се гледаат дисковите како лебдат на површината на реката стана вирално.

„Повремено сум видел ледени палачинки порано“, рече Синклер, додавајќи дека тие се особено интересни поради нивната совршена форма. Меѓутоа, бидејќи видеото набрзо почна да се шири на социјалните мрежи, научниците сфатија дека ова не е изолиран случај, бидејќи истиот ден истиот природен феномен е снимен на реката Келвин во близина на Глазгов, како и на езерото Еск во северозападна Англија.

Според нив, овие ретки структури се формираат само на површините на многу студените океани, езера и реки. Поточно, на реките, тие се формираат кога замрзнатата пена на површината на водата ќе се зароби во вртлози, по што овие мали делови се спојуваат во т.н. палачинки и растат додека не излезат на површина. Додека се во отворени води, тие се формираат кога површинскиот мраз се скрши и поради судир со други парчиња добива облик на круг.

Ледените палачинки се со дијаметар помеѓу 20 и 200 cm и иако изгледаат како тврди дискови, тие често се прилично кашести и лесно се кршат. Тие се главно карактеристични за Големите езера во Северна Америка и океаните кои го опкружуваат Антарктикот, бидејќи температурите таму често паѓаат многу под нулата.

Поддржете ја нашата работа: