Вселенското летало Џуно открива прстенести аурори како се распрснуваат над половите на Јупитер

Вселенското летало „Џуно“ на НАСА, го фотографира Јупитер уште од 2016 година, кога за првпат прелета покрај планетата. Оттогаш има испратено слики на Земјата кои им овозможуваат на научниците подобро да ја разберат и видат оваа гасовита планета. Благодарение на вселенското летало „Џуно“, заинтересираните можат да ги видат деталите од Јупитер и барем за момент да се преселат во некој далечен свет каде што нема земни болести.

Научниците досега собраа разни интересни слики, па така, на пример, во октомври 2019 година, беше забележана голема црна точка на Јупитер, што поттикна дискусии дали станува збор за досега невидена појава или шега. Експертите утврдиле дека не станува збор за едното или за другото, туку дека тоа е сенка што сателитите на оваа планета ја фрлаат на нејзината површина.

паратот за анализа на електромагнетен спектар, ултравиолетовиот спектрограф (УВС), на вселенското летало Juno, го забележал овој феномен, што се карактеризира со слаби емисии во форма на прстен, кои што се шират со брзина помеѓу 3,3 и 7,7 километри во секунда.

Научниците од Институтот за истражување на Југозапад (SwRI), каде е изграден UVS, веруваат дека овие емисии на аурора се предизвикани од наелектризирани честички што доаѓаат од работ на масивната магнетосфера на Јупитер, пишува Space.com.

„Сметаме дека овие новооткриени слаби ултравиолетови емисии потекнуваат од милиони милји далеку од Јупитер, близу неговата магнетосфера. Сончевиот ветер е прилив на наелектризирани честички што ги емитира Сонцето. Кога ќе стигне до Јупитер, тие честички реагираат со својата магнетосфера на начин што сепак не ни е јасен“, рече планетарниот научник Винсент Хуе од СВРИ.

Поддржете ја нашата работа: