Денес излезе извештајот на Оксвордскиот тим кој заедно со компанијата „AstraZeneca“ работи на тестирање на нивната верзија на вакцина против „COVID-19“
Според извештајот по извршени тестови на преку 23.000 луѓе се покажало дека можно е вакцината да постигне резултат од околу 90% заштита на луѓето.
Вакцинацијата многу слично како и кај другите вакцини се планира да се врши во две одвоени дози ( 1 месец )
Многу интересен е фактот што резултатот 90% успешност е добиен само кај луѓето кои при првото вакцинирање добиле само половина доза од вакцината (~2.5 x1010 вирусни честички) додека кај луѓето кај кои е аплицирана целата доза (~5 x1010 вирусни честички) успешноста била само 62%.
Овој факт покажува дека реално научниците сеуште недоволно го познаваат човековиот имунолошки систем и дека термините како цела или пола доза барем во оваа фаза не треба да се употребуваат зошто само ќе предизвикаат дополнителна забуна и отпор.
Сепак одлична вест е фактот што кај ниту еден од луѓето што и покрај примањето вакцина сепак развиле „COVID-19“ не се појавила некоја тешка форма на болеста и истите ја прележале истата без хоспитализации и други тешки симптоми. Ваков бил случајот со 131 човек од 23-те илјади
„Оксвордската“ вакцина е мој фаворит ако нешто такво може да се каже за нешто кое е направено под притисок и со забрзани тестови и протоколи , сепак постојат неколку работи кој сметам дека треба да се истакнат.
1) Оваа вакцина за разлика од предходните две што ги презентираа америчките компании „Pfizer“ и „Moderna“ е базирана на добропозната технологија за производство на вакцини, технологија која е базирана на модификувани вируси кои ( во случајов ослабена верзија на аденовирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата ) неможат да се размножуваат во човековите клетки туку само ја активираат клетката да произведе протеини на нејзината површина што имунитетот ќе ги препознае како корона вирус ( тие вистински не се тоа ) и ќе произведе соодветна одбрана за да во случај кога ќе се сретнеме со вистинскиот вирус нашиот организам ќе биде спремен.
Овој ист процес па дури и истиот аденовирус е искористен и предходно при изработка на вакцината за Ебола ( тешка вирусна болест предизвикана од ебола вирус со висок степен на смртност 50-90% )
2 ) Бидејќи вакцината користи познат вирус и предходно испитана технологија, за разлика од недоволно истражената технологија на употреба на информациона рибонуклеинска киселина иРНК (анг. mRNA ) би можела да биде поприфатена од луѓето кои ионака се доволно скептици за целата оваа работа.
3 ) Можностите за складирање и употреба во добропознатиот опсег од 2-8 степени целзиусови значи дека истата може да се употребува и во посиромашните земји кои единствено треба да поседуваат обичен фрижидер.
За споредба вакцината на „Pfizer“ има потреба од неверојатни -70 степени целзиусови, додека онаа на „Moderna“ иако стабилна извесно време и на температури од 2-8 степени целзиусови сепак за долгорочно складирање треба да се замрнува.
4) Од „AstraZeneca“ тврдат дека до крајот на 2021 можат да произведат преку 3 милијарди вакцини
Видео во кое од „AstraZeneca“ ја објаснуваат технологијата позади вакцината
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























