Замрзнатата мумија на изумрениот пештерски лав е „најдобро сочувано животно од ледено доба некогаш пронајдено“, велат истражувачите
Младенчето е старо речиси 30.000 години, но сепак има непроменети крзно, кожа, заби и мустаќи.
Пред околу 30.000 години, кога огромни мамути и волнени носорози шетале по Северната хемисфера, малечко младенче од пештерски лав со златно-кафеаво крзно ја направило својата последна прошетка низ сибирската тундра.
Ненадејно се случила катастрофа – можеби лизгање на кал, или пукнатина што го отворила вечниот мраз под нозете – и младенчето паднало. Погребано во мраз, тоа брзо било брзо мумифицирано. Денес, неговите крзно, кожа, органи и заби се речиси точно како што биле на денот на неговата смрт, пред илјадници години.
Научниците го нарекоа ова несреќно младенче Спарта, откако ловџиите, во 2017 година, ги откриле фосилизираните остатоци како излегуваат поради топењето на вечниот мраз на Јакутија, Сибир. Интересно е што следната година, 2018-тта, пронајдено е тело на уште едно пладенче од истиот вид. Го нарекле, Борис.
Спарта е предмет на обемна нова студија објавена на 4 август во списанието Quaternary, во која научниците ја испитуваа анатомијата на изумрените мачки.
„Спарта е веројатно најдобро сочуваното животно од ледено доба некогаш пронајдено и е повеќе или помалку неоштетено“, вели коавторот на студијата Лав Дален, професор по генетика во Центарот за палеогенетика во Стокхолм, Шведска.
Пештерските лавови (Panthera spelaea) се блиски роднини на модерните африкански лавови. Тие живееле широко низ Северната хемисфера за време на последното ледено доба (студената епоха која се протегала од пред околу 2,1 милиони до 11,600 години). За разлика од нивните денешни роднини, овие големи мачки се прилагодиле на екстремно сурови услови, вклучително и смрзнат ветар и долги, студени зими.
Преку различни методи, вклучувајќи датирање со радиојаглерод, рентгенско снимање и делумно секвенционирање на ДНК, истражувачите утврдиле дека и двете младенчиња имале приближно 1 до 2 месеца кога умреле, а нивните остри предни заби штотуку почнале да се појавуваат.
Иако остатоците на младенчињата биле откриени едно од друго, нивната смрт била во интервал од неколку десетици илјади години. Радиојаглеродна анализа на кожата, косата и мускулите на младенчињата покажа дека Спарта умрела пред приближно 28.000 години, додека Борис го завршил својот живот пред повеќе од 43.000 години. Ова откритие сугерира дека областа веројатно била „привлечна за пештерските лавови за правење дупки, но веројатно била и подложна на уривање“, пишуваат истражувачите во студијата.
На рентгенските снимки кај младенчињата се покажало оштетување на черепот, изместени ребра и други мали „искривувања“ во нивните скелети, што може да биле предизвикани од „притисокот на масата на земјата“, пишуваат истражувачите. Дополнителни искривувања најверојатно се случиле откако младенчињата веќе биле закопани, бидејќи околниот вечен мраз ги претворил нивните тела во крзнени мумии.
И покрај сите нивни повреди, младенчињата немале никакви рани што укажуваат на напад од предатори, додаде тимот.
Во моментов, може да се научи малку повеќе за тоа како умреле младенчињата – но понатамошните истражувања би можеле да помогнат да се открие како тие живееле. Во идните студии, истражувачите се надеваат дека целосно ќе ја утврдат ДНК на Борис и Спарта, што би можело да ја стави еволутивната историја на пештерските лавови во поширок контекст и да открие некои од нивните уникатни генетски карактеристики.