Повеќе од еден век научниците се обидуваат да пресадат бубрези од животни на луѓе и повеќе од еден век не успеваат да ги стават во функција тие органи.
Сега, истражувачи од Универзитетот во Алабама тврдат за прв пат тоа им успеало.
Тие зеле бубрези на генетски модифицирана свиња и успешно ги пресадиле органите кај пациент со мозочна смрт, со дозвола од неговото семејство.
Она што ја издвојува сегашната студија е тоа што свинските бубрези брзо направиле урина и го исчистиле телото на пациентот од креатинин.
Креатининот е разграден дел од отпадниот производ произведен главно од нашите мускулни клетки и може да се отстрани од нашите тела само преку бубрезите.
Кога органите на еден вид се пресадуваат во друг, тоа е познато како „ксенотрансплантација“.
Историски гледано, овие операции главно не успеваат, бидејќи човечкиот имунолошки систем го напаѓа туѓото ткиво, дури и со имуносупресивни лекови. Но, ако тој животински орган е генетски модифициран за да го измами човечкиот имунолошки систем, теоретски би можело да се спречи отфрлање на органот.
Тој доказ за принципот сега е спроведен во болница со неверојатен успех. Според Тоби Коутс, клинички научник од Универзитетот во Аделаида, кој не бил вклучен во тековниот случај, новата ксенотрансплантација била успешна со користење на „клучен напредок“ во генетската модификација.
Овие бубрези на генетски модифицирани свињи беа функционални една недела во телото на пациентот, но истражувачите сега треба да тестираат дали тие се само привремени „мостови“ или „дестинациски терапии“ за оние со краен стадиум на бубрежна болест.
Секое сценарио би било исклучително добредојдено.
Доколку научниците почнат да го прават тоа, ксенотрансплантација на бубрег би била најбезбедната опција, бидејќи овие органи може да се отстранат од телото без да предизвикаат последици доколку започне нивното отфрлање.
Застапниците за истражување на ксенотрансплантација тврдат дека треба да се движиме претпазливо, но дека ова се потенцијално спасувачки чекори кои вреди да се преземат.
Извор: Science alert