Измислена технологија која „слуша“ дали вашиот автомобил работи добро

pixabay

Многу искусни автомеханичари можат да препознаат грешки во работата на моторот на автомобилот со едноставно слушање како работи. Инженерите од американската компанија V2M својата истоимена технологија ја базираат толку на таа способност, но наместо автомеханичари да го слушаат автомобилот, тоа ќе го прават нивните сензориски модули кои се вградуваат во автомобили со внатрешно согорување, но и во електрични возила.

Технологијата V2M се состои од два електроакустични сензорски модули, сместени во предниот и задниот дел на автомобилот, заедно со контролна едицина сместена во средината. Со овој хардвер системот континуирано ја следи и ја бележи бучавата на автомобилот. Аналогните снимки се претвораат во дигитални сигнали, кои се испраќаат на мрежен аналитичар за анализа со помош на алгоритми базирани на вештачка интелигенција. Ако откријат какви било проблеми, сопственикот на автомобилот и/или неговиот механичар ќе добијат известување преку апликација.

Предупредувањето се испраќа и до постојниот дијагностички систем на автомобилот, до производителите на возилата и операторите со возни паркови. Идеата е потребното одржување на автомобилите да се направи што е можно порано, пред да се слуќи некаков посериозен дефект.

Меѓу другото, освен грешки во работата на моторот, овој систем моментално може да идентификува звуци на проблематични тркала и CV зглобови, а инженерите сега работат и на диентификација на звуци поврзани со проблеми со суспензијата.

За V2M технологијата веќе се заинтересирани повеќе производители на автомобили, кои сакаат да ја интегрираат во постојните дијагностички системи, а едно од големите имиња кои се споменуваат е Ferrari, кој наводно планира оваа технологија да ја вклучи во стандардната опрема на своите автомобили.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.