Покрај сопствениот стрес поради посета на ветеринар, возење автомобил, петарди, правосмукалки или одење на изложби и натпревари, кучињата станаа вистински сунѓер за чувствата на сопственикот, особено хроничниот стрес.
Оваа болест на модерната ера не ги погодува само луѓето, туку и нивните миленичиња – кучињата. Како човечки придружник, припитомен десетици илјади години, кучето се адаптира на многу работи – од пет фризери и мантили за дожд, до попладневна дремка во софата.
Затоа, резултатите од најновата студија, објавена во списанието „Природа“, која за прв пат укажува на поврзаност помеѓу хроничниот стрес кај луѓето и нивните миленици, можеби на прв поглед не се премногу изненадувачки.
Откако првично беше утврдено дека акутниот стрес се пренесува исклучително лесно и кај луѓето и кај животните, група истражувачи сега сакаа да го испитаат влијанието на хроничниот стрес на сопствениците врз психата на нивните миленици.
За потребите на истражувањето, спроведено во Шведска, испитани се 58 сопственици на 58 кучиња, од кои 33 Шетландски овчари и 25 Бордер коли. Се земал и примерок од косата на сопственикот и од крзното на кучето од секој пар.
За следење на нивото на стрес и кај луѓето и кај куќињата, по неколку месеци, тим предводен од зоологот Лина Рот од Универзитетот Линкопинг во Шведска ја измери концентрацијата на кортизол, познат и како „хормонот на стресот“, кој се собира во косата и крзното поради долготраен стрес. Покрај тоа, учесниците редовно пополнувале прашалници за нивната ментална состојба, како и однесувањето на миленичето.
Тимот на Ротин следел низа варијабли како што се разлики во нивоата на активноста и начинот на живот во текот на летните и зимските месеци. Меѓутоа, по испитувањето, се покажало дека единствено расположението на сопственикот е одговорно за вознемиреноста на кучето. Со други зборови, сопственикот со голема количина кортизол во косата имал и куче со голема количина на овој хормон во крзното.
Интересно е што споменатата врска не функционирала во спротивна насока. Имено, истражувачите не нашле докази за вознемиреност или нервоза кај сопствениците во случаи кога нивните кучиња биле изложени на хроничен стрес, се наведува во студијата објавена во списанието Scientific Reports. Спротивно на тоа, кучињата реагирале на суптилни промени во мирисот на сопственикот, нервоза, гризење нокти и раздразливост.
„На почетокот бев изненаден од ваквите резултати. Сепак, факт е дека човекот е центарот на светот на своето куче, додека луѓето, од друга страна, имаат други сегменти од животот“, вели Рот за National Geography.