Како кучињата ги гледаат боите и зошто нивните очи светат зелено во темнината?

Некогаш се веруваше дека кучињата гледаат црно – бело, но тоа не е баш така.

Постојат два вида фоторецептори во мрежницата на окото: стапчиња и конуси. Стапчињата се многу чувствителни и овозможуваат гледање во услови на слаба осветленост, додека конусите се одговорни за секојдневно гледање и перцепција на боите.

Конуси

Постојат три типа на конуси. Секој вид реагира на различни бранови должини на светлината.

Кучињата, како и повеќето други цицачи, имаат два вида конуси кои им овозможуваат нивниот мозок да разликува сино од жолто, но не и црвено од зелено.

Џеј Најт, експерт за перцепција на бои од Универзитетот во Вашингтон, спроведе многу експерименти за перцепција на бои кај кучињата и вели дека очите на нашите миленици се структурирани на сличен начин како и луѓето  кои го имаат овој тип на далтонизам, а во чии очи исто така недостига трет тип конуси.

За да видат сина или жолта боја и кучињата и луѓето користат неврони во мрежницата. Меѓутоа, кога станува збор за црвената и зелената боја, кучињата немаат неврони кои би реагирале на нив, па оптичките бранови од овие бои имаат неутрален ефект. Предметите што ги гледаме како црвени или зелени, кучињата ги гледаат во нијанси на сивата боја.

Сепак, кучињата имаат и други начини да ја препознаат црвената боја. На пример, таа боја кучињата ја гледаат потемна од онаа нијанса што ние ја препознаваме како „зелена“.

Помалку конуси, но повеќе стапчиња

Иако имаат помалку конуси, бројот на стапчиња во нивната мрежница е поголем, поради што тие – во споредба со луѓето – гледаат подобро во мракот. Исто така, кучињата имаат поголеми зеници од луѓето, поради што нивните очи пропуштаат повеќе светлина, објаснува ветеринарот д-р Кети Нелсон.

„Кучињата имаат многу пошироко видно поле од луѓето и гледаат агол од 250 степени, додека човечкото око гледа 190 степени“, додаде таа.

Зошто очите на кучињата светат зелено во мракот?

„Веројатно сте забележале дека очите на кучињата и мачките можат да бидат светло зелени во мракот, а тоа е поради сјајната површина во задниот дел на окото наречена tapetum lucidum, која делува како огледало во окото и ја рефлектира светлината што влегува“, објасни д-р Нелсон.

„Таа светлина, исто така, го засилува процесот наречен флуоресценција и  може да рефлектираат до 130 пати повеќе светлина од човечкото око, што ги прави кучињата пет пати почувствителни на светлина од нас.

Поддржете ја нашата работа: