Идејата за некаква „соларна револуција“ и за достигнувањето дека еден ден ќе користиме бесплатна енергија од сонцето, со децении се пласира во јавноста.
Соларните панели некогаш се користеле речиси исклучиво во вселената, за снабдување со енергија на електричните системи, но денес овој начин на снабдување со електрична енергија може да се користи за речиси сѐ, од играчки до возила.
Идејата за „соларна револуција“ и дека еден ден ќе користиме бесплатна енергија од сонцето, виси во воздухот со децении. За време на сончев ден, сончевите зраци обезбедуваат приближно 1000 W енергија на квадратен метар на површината на земјата. Кога би можеле да ја собереме целата таа енергија, лесно би можеле да ги снабдуваме домовите и канцелариите со бесплатна енергија, пишува National Geographic.
Сончевите ќелии што ги гледате и во калкулаторите и во сателитите се нарекуваат и фотоволтаични ќелии, кои, како што кажува самиот збор, директно ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија. Модул е група на фотоволтаични ќелии електрично поврзани и спакувани во рамка (најпозната како соларен панел), која подоцна може да се групира во поголеми соларни низи.
Фотоволтаичните ќелии се направени од посебен материјал на полупроводници како силикон, кој во моментов најчесто се користи. Во принцип, кога сончевите зраци удираат во ќелија, одредена количина на светлина се задржува во полупроводничкиот материјал. Тоа значи дека енергијата на задржаната светлина се трансформира во полупроводникот.
Фотоволтаичните ќелии имаат и едно или повеќе електронски полиња кои ги туркаат електроните кои се ослободуваат со собирање светлина да се движат во одредена насока. Движењето на електронот е всушност струја, а со поставување на метални контакти на врвот и на дното на фотоволтаичната ќелија, можеме да ја повлечеме таа струја за надворешна употреба, да речеме за напојување на калкулатор. Оваа струја, заедно со напонот на ќелијата, ја дефинира моќноста (или напонот) што соларната ќелија може да ја произведе.
Тоа е основен процес, но има многу повеќе, пишува сајтот Solar Energy.