Кинески научници успеале да направат мраз кој се витка

Кинеските научници успеале да создадат микрофибер од мраз кои се многу флексибилни и со тоа се отвораат нови можности за истражување на физиката на мразот.

Имено, мразот не се однесува секогаш како што очекуваме, а совршен пример за тоа е неговата еластичност или, подобро кажано, недостатокот на тоа својство.

Теоретски, мразот треба да има максимален еластичен напон од околу 15 проценти, но досега е измерен максимален еластичен стрес од само 0,3 проценти – големо отстапување од теоретското предвидување. Причината за ова е што ледените кристали имаат структурни недостатоци кои ја зголемуваат нерговата кршливост.

Научниците од универзитетот Џejеџијанг во Кина се обиделе да ја зголемат флексибилноста на мразот создавајќи ги неговите кристали што е можно помалку несовршени . Тие ставиле игла во ултра ладна комора на околу минус 50 степени Целзиусови. Потоа испуштиле водена пареа во комората и создале електрично поле. Ова ги привлекувало молекулите на вода до врвот на иглата, каде што се кристализирале, формирајќи микрофибери со максимална дебелина од околу 10 микрометри, што е потенко од човечкото влакно.

Тие потоа ги спуштија температурите на минус 70 и минус 150 степени Целзиусови и се обиделе да ги свиткаат ледените влакна. Откриле дека влакната на минус 150 степени можат да се свиткаат во скоро кружна форма, со радиус од 20 микрометри; што укажува на максимален еластичен стрес од 10,9 проценти.

Она што е особено интересно е што кога го ослободиле мразот, тој не останал во кружен облик, туку се вратил во претходната позиција.

Поддржете ја нашата работа: