Колку долго уживаме во пивото? Неочекувано археолошко откритие!

Археолозите од американскиот универзитет Стенфорд не можеле ни да сонуваат дека, барајќи ја храната што праисторискиот човек ја јадел на тлото на денешен Израел, ќе ја пронајдат најстарата пиварница на светот.

„Ова е најстарото човечко сведоштво во светот за вештачкиот алкохол“, објаснува Ли Лиу, водачот на истражувачкиот тим.

„Откритието покажува дека алкохолот не е нужно резултат на вишокот во земјоделското производство, туку дека тој, барем делумно, бил произведен за ритуали и духовни потреби“, вели Лиу, додавајќи дека таму најчесто се пиело пиво во чест на мртвите.

На тоа укажува и фактот што остатоците од пиво се пронајдени во пештера каде се наоѓаат гробови на припадниците на натуфиската култура.

Ли и нејзиниот тим заминале во Хаифа, третиот по големина град во Израел, за да истражат пештера што ја користеле праисториските натуфијци, ловци-собирачи од источниот Медитеран. Археолозите беа заинтересирани за исхраната на овие полу-номади, пред сѐ употребата на растителна храна.

„Не отидовме со намера да најдеме алкохол во камени садови, туку само сакавме да истражиме која растителна храна ја консумирале луѓето бидејќи има многу малку информации во археолошките записи“, вели Лиу.

Нејзиниот тим ги анализирал трагите пронајдени во камените садови на длабочина од околу 60 сантиметри. Садовите биле врежани во подот на пештерата и со сигурност се знае дека се користеле за складирање, лупење и готвење различни видови растенија, како што се овес, мешунки и разни влакна.

Во пештерата пронашле и ископале остатоци од скроб и микроскопски растителни честички наречени фитолити, кои се типични за трансформација на пченицата и јачменот во алкохол. Тимот верува дека Натуфијаните имале три јасно дефинирани фази во производството на пиво. Најпрво скробот од пченицата и јачменот се претворал во слад, потоа тој слад би се замесил и се загревал, а потоа се оставал да ферментира со див квасец.

Според овој процес, Лиу и нејзиниот тим направиле сопствено пиво, кое, според студијата, имало јасни сличности со оние што ги правеле овие праисториски луѓе кои ја населувале територијата на денешен Израел.

Велат дека пивото „Натуфиан“ изгледало многу поразлично од пивото што го знаеме и го конзумираме денес, и дека било поблаго.

Пред да се објави оваа студија, научниците веруваа дека производството на пиво датира од пред околу 5000 години. Сепак, ова откритие носи неколку поважни пораки, покрај фактот дека пивото се ужива многу подолго отколку што се мислеше. Имено, во заклучокот на својата работа, археолозите велат дека откривањето на најстарата пиварница во светот фрла нова светлина врз културата на Натуфија, нивните ритуали и дека „покажува широк спектар на технолошки иновации и општествена организација во рамките на нивната култура”.

„Правењето пиво било составен дел од ритуалите и гозбите, како и социјален регулаторен механизам во општествата каде што била воспоставена хиерархија“, вели Џијајинг Ванг, коавтор на трудот, додавајќи дека ритуалите биле многу важен дел од оваа култура.

Поддржете ја нашата работа: