Кој бил човекот кој ја потпиша капитулацијата на германските вооружени сили? Ова се неговите последни зборови

Сталин верувал дека врховното предавање мора да се потпише пред сите земји од коалицијата, во центарот на нацистичката моќ – Берлин. За улогата беше избран Вилхем Кајтел.

Како што се приближуваше до замокот во предградијата на Берлин, кој веќе беше под советска окупација, за фелдмаршалот Вилхелм Кајтел „сите соништа“ за голема победа и нацистичка Германија беа формално уништени. Тој беше повикан да стави крај на Вермахтот.

Иако потпишаа предавање во Ремс на 7 мај, сакајќи да им се предадат на западните сојузници, Сталин протестираше. Тој побара да се признае заслугата на Црвената армија и нивниот придонес. Знаеше дека Сталин сака потврда во самиот центар на нацистичката моќ – во Берлин, за него имаше симболика од која не сакаше да се откаже.

Договорена е церемонија во чест на победата на противникот и во чест на губитничката идеологија во која верувал и во која бил вклучен. Тој зачекори во штабот на советската армија во Берлин – Карлхост. Сѐ било подготвено за тој како претставник на Вермахтот да го потпише конечниот текст на германското безусловно предавање.

Од една страна тој, а од друга врховниот командант на Црвената армија, маршал Георгиј Жуков и претставникот на сојузниците, маршал Артур Тедер. Генералите Карло Спаца и Жан де Тасини беа таму за да бидат сведоци на формалниот крај на еден од најкрвавите конфликти во историјата на човештвото.

Тој влезе внатре. Знаеше дека тоа е само неизбежна формалност и дека смртната казна му висела долго време над главата. Логорите беа ослободени, луѓето почнаа да зборуваат …

Додека го водеа до масата, тој полека ги симна капата и ракавицата од десната рака. Договорот беше готов, сите чекаа. Уредно го спушти стапот и посегна по моноклот. Тој зеде пенкало и ги потпиша англиската и руската верзија на текстот на предавањето.

Сѐ беше готово додека трепнеш. Сонот за нацистичка Германија и сите идни планови беа засекогаш згаснати, тој потпиша регулатива за целосно разоружување на сите германски воени сили, како и нивно предавање на локалните сојузнички воени команданти.

Овој датум од 8 до 9 мај (официјално потпишан на 8 мај, договорот го ратификуваше Маршал Жуков поради временската разлика дури на 9 мај пред сојузниците), во историјата ќе остане запаметен како тотална капитулација. Иако борбите продолжија во некои делови – како на пример во Југославија до 15 мај, ова е формален момент на предавањето.

Денот на победата ќе се слави низ цела Европа во наредните децении како конечен пад и колапс на нацизмот.

Набргу по овој историски настан, на 13 мај 1945 година, Кајтел е уапсен заедно со членовите на кабинетот.

Се товарел за геноцид врз затворениците од Третиот Рајх, со потпишување на бројни одредби во спротивност со меѓународното право. Бил обвинет и за убиство на цивили во Советскиот Сојуз, како и за брутално постапување со воени затвореници при принудна работа.

Кајтел бил изведен пред Меѓународниот суд на правдата во Нирнберг, каде му се судело заедно со други нацисти. Тој беше осуден за многу кривични дела, по сите точки, и обесен на 16 октомври 1946 година.

Пркосен и целосно убеден во исправноста на своите цели, непосредно пред смртта рекол:

„Го повикувам Семоќниот Бог да се смилува на германскиот народ. Повеќе од два милиони германски војници загинаа во татковината пред мене. Сега ги следам моите синови – сите за Германија“.

Извор: Nat. Geographic

 

Поддржете ја нашата работа: