Човекот на Витрувиј е создаден околу 1490 година и е еден од најпознатите цртежи на Леонардо да Винчи, но и од целиот ренесансен период. Леонардо го нацртал врз основа на неговите студии за човечката пропорција, симетрија и рамнотежа, со што се премостил јазот помеѓу уметноста и математиката.
Така, накратко, го дефинираме познатиот цртеж денес, но што е впрочем човекот Витрувиј и зошто е создаден?
Сместени во историски контекст, во време кога ренесансниот период и другите помали, но значајни, филозофски и научни движења, причините за појавата на човекот на Витрувиј се слоевити, но ние ќе се потрудиме да ви дадеме одговори на овие прашања.
Да Винчи ја истражувал врската помеѓу човекот и природата преку совршеното единство на математиката и уметноста. Неговата цел била математички да покаже дека човекот и природата се едно, а неговата идеја ја материјализирал во човекот на Витрувиј.
Преку него Да Винчи се обидел да го претстави макрокосмосот, односно универзумот, преку микрокосмосот, односно човечкото суштество и обратно.
Идеите за хуманизмот, филозофско и интелектуално движење распространето за време на ренесансата влијаело врз многу уметници, вклучувајќи го и Да Винчи, исто така, се вткаени во ликот Витрувиј.
Но, сепак, кој е Витрувиј?
Називот „Човекот на Витрувиус“ (Витрувиј) потекнува од италијанскиот L’Uomo Vitruviano, дело познато и како Le proporzioni del corpo umano secondo Vitruvio, што значи „Пропорции на човечкото тело од Витрувиус“.
Римскиот архитект Маркус Витрувиус Полио живеел во текот на 1 век п.н.е. Тој е автор на познатиот трактат „Десет книги за рахитектура“ (De architectura, libri decem). Третата книга во првото поглавје е насловена „За симетрија: во храмовите и во човечкото тело“, во која Витрувиј, исто така, дискутира за човечките пропорции. Токму оваа книга му служела на Леонардо да Винчи да го создаде овој, денес познат цртеж.
Техника
Вредноста на овој цртеж лежи не само во неговото филозофско значење и упориште, туку и во вештината на Леонардо.
Леонардо да Винчи, исто така, користел техники како што се засенчување на различни делови од телото за да укаже на поголема длабочина и тродимензионалност. (Запомнете дека ова е цртеж направен со мастило и уште еднаш го покажува нивото на уметничките вештини на Да Винчи да презентира голем број детали).
Неговата вештина ја гледаме во прикажувањето на природно стегање на рацете, веднаш под пазувите, под нозете, поточно под неговата десна нога, во пределот на вратот и во лицето. Гледаме деликатно засенчување под очите и околу збрчканите области.
Работејќи со едноставно мастило на хартија, да Винчи успева да создаде тродимензионалност. Тој создал супериорна фигура во границите на круг и квадрат, што дава чувство на движење.
Каде е денес човекот на Витрувиус?
Човекот на Витрувиус се наоѓа во музејот на Галеријата на Академијата во Венеција, Италија, се чува на темно место во специјално прилагодени температурни услови и само повремено се изложува.