Кратка историја на пиратството, кој бил кој во суровиот свет на гусарите

Дел од илустрациите кои прикажуваат култни сцени од пиратските приказни  го претставуваат светот на пиратите каков што го замислуваме денес. Но, како тој навистина изгледал?

Иако постојат различни ставови, историјата на пиратите се протега низ целата планета, од Индонезија и Кина до Карипскиот архипелаг. Нечесниот пиратски занает е еден од најстарите. Постоел уште во антиката и многу пред ерата на античка Грција и Рим. Сепак, златното доба на пиратите обично се смета периодот од 1660 до 1720 година, кога бројни пиратски екипажи талкале по Карибите, но и по бреговите на Америка, Индискиот Океан и западниот брег на Африка.

Во тоа време, на преминот од 17 до 18 век, завршиле големите европски конфликти за превласт на море, така што голем број поранешни морнари барале работа. Моќта на Шпанија во подрачјето на Карибите драстично се намалувала, така што пиратите лесно освојувале цели градови и ги основале своите бази на копно, што било клучот за нивниот процут.

Од друга страна, пиратството било поттикнато како профитабилен државен бизнис само неколку децении порано, во текот на 17 век. Во битката кај Англија и Шпанија, пиратите биле опремени да ги напаѓаат непријателските трговски бродови.

Најпознатиот пират од ерата на „државните пирати“ е познатиот Хенри Морган (1635–1688). Овој морнар од Велс се борел за Англија речиси триесет години, напаѓајќи ги шпанските конвои, за во меѓувреме да стане исклучително богат. Тој станал особено познат по освојувањето на утврдениот град Панама, а на крајот од својата кариера се повлекол на голема плантажа за шеќер во Јамајка, каде што, за разлика од повеќето други пирати, умрел во својата постела.

Како што пиратите бегале од државната контрола, тие станувале сè посурови и опасни. Еден од најпознатите пирати на сите времиња, кој ја водел пиратеријата како чисто приватен потфат, остана запаметен по прекарот Црнобрад. Наводно роден во 1680 година како Едвард Тач, Тич или Драмонд, Црнобрадиот станал познат во периодот 1714-1718 година. Период кога талкал по бреговите на Америка. Ограбил десетици бродови, а за него се вртат разни легенди, дури и дека бил пратен директно од пеколот.

Реплика на бродот за потреби на филмската индустрија

Неговиот брод „Одмаздата на кралицата Ана“ имал двесте тони и десетици топови. Познатиот пират, Стед Боун, пловел со Црнобрадиот, често како соборец, а уште почесто како затвореник, кој немал поморско искуство – пред да се препушти на пиратството работел на плантажа. За да го спречат во ограбувачките мисии, Британците испратиле цела флота да го фатат озлогласениот пират. Црнобрадиот бил застрелан во жесток конфликт од страна на британскиот поручник Роберт Мејнард, наводно со пет истрели, кои заедно со уште дваесетина рани, едвај биле доволни за да го усмртат.

Во 1996 година, остатоци од брод за кој се веруваше дека е „Одмаздата на кралицата Ана“ беше откриен во близина на Северна Каролина. Цели 15 години беше ископуван и проучуван, а во 2011 година е потврдено дека тоа е бродот на Црнобрадиот.

Други познати пирати, претежно од Карибите, се Пјер Герлофс Дониа, кој потопил дури 28 холандски бродови во само една битка и Бартоломеј Робертс, кој ги започнал своите походи од Гвинескиот залив и ограбил повеќе од 400 бродови.

За најсуров од пиратите се смета Едвард Лоу, кој убил стотици луѓе во агонија, додека во 1724 година не бил убиен во бунт од сопствената екипа. Меѓу пиратите се паметат две жени, Ана Бони и Ред Мери, на кои им се судело во 1720 година.

Поддржете ја нашата работа: