Научници од Хамбург направиле радар со кој без директен контакт и во рана фаза можат да да откријат мозочен или срцев удар кај пациент. Со овој радар исто така можно е да се предвиди смрт кај смртно болни лица.
Идејата на професорот Александар Келпин од Техничкиот универзитет во Хамбург е неверојатно едноставна: ако може да се користи радар за да се одреди позицијата на бродот, да се пресмета висината на која лета авионот и да се измери прекумерната брзина на возилото на автопатот, тогаш оваа неконтактна техника секако може да се користи и во медицината.
„Сензорите на радарот ќе имаат голем потенцијал и ќе ги направат медицинските тестови поудобни, побезбедни и поефикасни“, вели професорот Келпин.
Оваа идеја не е нова, но професорот Келпин и неговиот истражувачки тим се први во Европа кои развиваат радарски системи за медицина и веќе можат да презентираат клинички тестови врз пациенти.
На Институтот за инженерство на висока фреквентност, овој тим разви системи за сензори со висока чувствителност за медицинско следење на пациентите. Со новата радарска техника, можно е континуирано да се анализираат отчукувањата на срцето и дишењето без директен контакт.
Кај традиционалниот ЕКГ, срцевиот ритам се мери со употреба на електроди и кабли кои го поврзуваат пациентот со уредот. Но, со радарската технологија, ова се прави без допир и на растојание.
Радарските сензори развиени од професорот Келпин можат да го мерат отчукувањата на срцето и дишењето преку облека, ќебиња па дури и преку душеци.
“Нашите сензори испраќаат електромагнетни бранови што се рефлектираат од телото. Во пракса, работи вака: крвта испумпана од срцето тече во пулсирачки бран низ крвните садови, создавајќи вибрации на површината на телото. Можеме да ги измериме со сензори и да утврдиме многу медицински аспекти на васкуларниот систем “.
Една мала кутија е монтирана под креветот. Кога срцето пумпа крв низ вените, површината на кожата минимално се поткрева. Така пулсот може да се измери дури и со држење на прстот на зглобот.
Ова минимално поткревање на кожата новиот радар може да го анализира со мерење од далечина.
Сензорите се толку прецизни што можат да измерат дали има оптеретување на срцевиот ритам и пулсот врз основа на што може да се открие дали има згрутчување, а со тоа и дали има опасност од мозочен удар. Доколку срцето не чука правилно, уредот ќе сигнализира. Така мерките за спасување на еден човечки живот можат да се преземат многу порано.
Овој истражувачки проект првично се фокусира на медицинско набудување на новороденчиња и предвремено родени бебиња.