Пред појавата на модерната наука, средновековните лекари користеле разни чудни методи за лекување на пациентите. Сепак, некои од најбизарните медицински практики лекарите ги користат и дене, додека други се напуштени затоа што биле толку опасни што често ги убивале лицата подложни на таков третман.
ЛОБОТОМИЈА
На почетокот на 20 век, лекарите биле целосно неподготвени да лекуваат пациенти со ментална болест, кои во тоа време ги преплавувале болниците. Еден од третманите што станал популарен во 1930-тите беше лоботомија, отстранување на делови од мозокот, наводно, за да се потиснат депресивните симптоми.
Дури и во тоа време, било препознаено дека ова е опасна практика што честопати ги оставала пациентите со трајна попреченост, уништувајќи ја нивната способност да функционираат во општеството, нивната меморија и нивната моторика. Сепак, повеќе од 40 000 луѓе само во Америка биле подложени на лоботомија, честопати без нивна согласност.
ЕЛЕКТРО – ШОКОВИ
Познато за нас како електроконвулзивна терапија (ЕКТ), третманите со електрошок за првпат биле користени во 40-тите години на 20 век, како алтернатива на лоботомијата, за лекување на разни форми на депресија и манија и најчесто се користеле за лекување на хистерија.
Електроконвулзивната терапија била остро критикувана во јавноста поради претпоставката дека го зголемува ризикот од самоубиство кај пациенти третирани на овој начин. Еден од нив е Ернест Хемингвеј. На филмското платно често се прикажувало терапија со електрошок, што дополнително ги засилило критиките. Од почетокот на примената на овој вид третман, постоел проблем од етичка природа поради недостаток на согласност од пациентите и неможноста со анестезија да се ублажи болката што ја трпеле за време на третманот.
ТРЕПАНАЦИЈА
Трепанацијата е хируршки метод кој вклучува пробивање на черепот за ублажување на притисокот во мозокот. Се користел за лекување на епилепсија, ментални нарушувања и мигрена. Исто така, тоа било вообичаена постапка при физички повреди на главата, како што се фрактури на черепот, силни удари во главата и слично. Овој метод честопати бил фатален, поради инфекции на мозокот што се случиле како директен резултат на дупчење на черепот во нехигиенски услови.
Практиката на прободување на черепот за намалување на интра-кранијалнниот притисок и денес се користи, но со многу поголема хуманост и под анестезија.
СЕКС СО ДЕВИЦА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА СИФИЛИС
Застрашувачкиот мит дека некој што е „заразен со социјална болест“ може да се излечи преку сексуални односи датира од 16 век. Тогаш се вовела практика мажите да се лекуваат од сифилис и гонореја преку сексуален однос со девица.
За жал, ова бизарно суеверие продолжува и денес во некои делови на неразвиениот свет, особено во Африка, што резултира со бројни пријавени случаи на силување девојчиња.
НАМЕРНА ИНФЕКЦИЈА СО МАЛАРИЈА
Во минатото било вообичаено децата да бидат изложени на намерна инфекција за да добијат имунитет. Еден таков случај било доведување на лица заразени со сифилис во контакт со лица кои страдале од маларија.
Се верувало дека треската предизвикана од маларија може да излекува сифилис, а потоа маларијата се лекувала со помош на некои други, исто така застрашувачки третмани. Сепак, она што е факт е дека маларијата е всушност смртоносна за заразените со сифилис во огромното мнозинство на случаи.
ДИЕТА СО ПОМОШ НА ПИЈАВИЦИ
Диетата со помош на пијавица била метод за слабеење на почетокот на 20 век, кој се потпирал на несигурната практика на воведување пијавици во телото со надеж дека ќе ги јадат калориите што некое лице претходно ги консумирало.
Сепак, повеќето пијавици всушност имале страшни ефекти врз човечкото тело, што довело до неухранетост, гадење, повраќање, дијареја и анемија.
Пијавиците се користат и денес во некои медицински процедури и во алтернативна медицинска пракса. Таканаречениот третман со хирудопрактика или медицинска пијавица е многу популарен кај некои холивудски и музички ѕвезди.
ПУШТАЊЕ КРВ
Лекарите од средновековниот период верувале во четири типа на „личност (темперамент)“. И тоа се: сангвиничен, холеричен, меланхоличен и флегматичен. Тие верувале дека недостатокот на кој било од овие четири темпераменти ќе доведе до влошување на човековото здравје. Во медицинската наука во средниот век, се шири перцепцијата дека болните имаат премногу крв, што предизвикува дисхармонија кај нивните темпераменти. Се сметало дека единствениот третман е крварење. Тоа се правело на два начина: или со употреба на пијавици или со засекување на делови од телото.