Научниците утврдиле дека во домовите на луѓето глувците се присутни повеќе од 15.000 години. Доволно историја глодарите да се прогласат за еден од најстарите пријатели на човекот. Мошне постар дури и од кучињата!
Претходно се мислело дека домашните глувци еволуирале од своите диви сродници, кога луѓето почнале да се занимаваат со земјоделство и да складираат храна за зимските месеци. Активност што се случила пред околу 12.000 години.
Сепак, поновите истражувања на виделина изнесле докази дека ловците, собирачи на храна за складирање, кои живееле по долината на реката Јордан, вниманието на глувците го привлекле уште многу прано.
„Истражувањето дојде до првите докази дека луѓето, најрано пред 15.000 години живееле на едно место доволно долго за да можат да влијаат и врз животот на животинските заедници. Тоа е резултат имало доминантно присуство на домашните глувци“, наведува за „National geographic“, професорката Фиона Маршал, од Универзитетот „Сент Луис“ во Вашингтон.
Тимот научници, првобитната врска меѓу човекот и глувците ја опишале како коменсализам, поточно рана фаза на припитомување, кога животното осознава дека од врската со човекот може да има корист.