Откритие на научници: Одењето на човекот на две нозе не е „којзнае што“

Можеби одењето на човекот на две нозе – исправеното одење на две нозе не е нешто што е исклучиво карактеристично за човекот, тврдат британски научници.

Орангутани

Научниците кои поминале една година фотографирајќи орангутани во прашума, тврдат дека таа карактеристика веројатно се развила кај древните мајмуни кои се движеле помеѓу врвовите на дрвјата многу пред претците на денешните луѓе да слезат на земјата, што им противречи на научните музеи ширум светот.

Меѓутоа, тоа повеќе им одговара на фосилните наоди, тврди Робин Кромптон од унвиерзитетот во Ливерпул, кој е еден од авторите на написот објавен во весникот „Сајанс“.

Популарното и општоприфатено објаснување е дека суштества слични на шимпанзото, кои ги влечеле своите зглобови по тлото, слегле од дрвјата на земја и постапно се исправиле да одат како модерните луѓе.

Луси

Освен тоа, податоците за климата во фосилните остатоци на суштествата, како што е славниот хуманоид „Луси“, сугерираат дека раните претци на луѓето живееле во шуми многу подолго и оти можеле да се движат на две или четири нозе.

Орангутаните, а не шимпанзата, се најбилските човекови роднини и можат да одат на две нозе, објаснува Кромптон.

Поддржете ја нашата работа: