Тишината која траеше неколку секунди во програмата на Си-Ен-Ен го прекина гласот од контролата на летот: „Контролата на летот внимателно ја анализира ситуацијата…очигледно дојде до голем дефект“. Милиони Американци во живо на малите екрани на 28 јануари 1986 година го следеа еден од најтрагичните настани од „вселенската ера“. Вселенскиот шатл Челинџер исчезна во облак од чад над брегот на Флорида.
Поминаа повеќе од 35 години откако се случи оваа несреќа во која загинаа седум астронаути. Веста ја потресе и ја разбранува јавноста. Поради недостиг на информации од НАСА, медиумите почнаа со разни претпоставки и обвинувања, а до денес случајот го следат теории на заговор.
Што всушност се случи?
По неколкудневно доцнење поради временските услови, Челинџер беше лансиран утрото во 11:39 часот по локално време. Сѐ помина како што треба, а американските ТВ станици будно го следеа настанот. По 73 секунди од полетувањето, десната ракета се откачи, се вртеше чад, а потоа се појави блескава огнена топка. Челинџер исчезна претворајќи се во мали парчиња.
Екипажот на Челинџер се состоеше од седум Американци. Меѓу искусните астронаути беше и еден цивил, Криста МекАлф, од Њу Хемпшир. Таа требаше да биде првата наставничка која заминала во вселената преку програмата „Наставници во вселената“, за подоцна да ги сподели своите искуства меѓу учениците низ САД. На лансирањето од Кејп Канаверал кај брегот на Флорида, камерата на CNN ги сними гордите родители на Кристина.
Бродот Челинџер првично беше конструиран во 1978 година како тест возило. Тогаш наречен СТА-099, Роквел ја тестираше опремата до 1979 година, кога НАСА ги награди со договор и задача да направи Челинџер вселенско летало. Шатлот го доживеа својот прв лет на 4 април 1983 година. Доналд Петерсон и Стори Масгрејв беа првите астронаути кои прошетаа низ вселената за време на програмата на шатлот.
До кобното утро во 1986 година, Челинџер беше лансиран девет пати и брзо стана една од најпопуларните шатл програми. Покрај лансирањето и поправката на бројни сателити, на 18 јуни 1983 година, Сали Рид стана првата Американка во вселената со овој шатл. Во август истата година, афроамериканецот Гајон Блуфор за прв пат беше во вселената, а овој пат Челинџер полета во текот на ноќта, за прв пат во историјата на програмата на шатлот. Меѓутоа, шатл-програмата со која НАСА најмногу се гордееше стана истовремено и нивниот најмрачен дел.
Кој е одговорен?
Поради недостиг на информации, набрзо новинарите почнаа да шпекулираат за причините и заверите поврзани со несреќата на Челинџер. Претседателот Роналд Реган формираше комисија за истрага на несреќата, со која претседаваше поранешниот државен секретар Вилијам Роџерс. Експертскиот тим го сочинуваа бројни инженери, научници и воен персонал. Меѓу кои и познатиот физичар Ричард Фајнман.
Најпрво, благодарение на експертизата на Фејнман, комисијата дојде до следните заклучоци: нареди заштита на прстенот на десната погонска ракета со цврсто гориво. Ова предизвикало дупка во спојот на ракетата со носачот, па врелиот гас излегол под притисок и го оштетил надворешниот резервоар за гориво. Десната ракета се откачи и се распадна, а силите на воздушниот отпор го направиле останатото. Остатоците од шатлот паднаа во Атлантскиот Океан.
Комисијата понатаму заклучи дека компанијата ги игнорирала безбедносните тестови, особено за време на екстремните временски услови на студеното утро на Флорида на 28 јануари 1986 година.
„Нашите инженери можеа да ги откријат овие недостатоци, но тие не го сторија тоа“, Ричард Фајнман беше особено остар во критиките за одговорните за спроведување на безбедносните проверки.
Шатл-програмата остана во мирување 32 месеца. Направени се бројни ревизии и измени, а лансирани се приватни и воени сателити од други програми. Следниот шатл, Дискавери, беше лансиран дури во септември 1988 година. Оттогаш, шатловите направија бројни историски мисии, како учество во изградбата на Меѓународната вселенска станица и одржување на телескопот Хабл.
Шатл-програмата доживеа уште една голема катастрофа во 2003 година кога Колумбија беше уништена при пробив низ атмосферата. Програмата повторно закрепна накратко, но во 2011 година беше дефинитивно пензионирана.