Истражувачи од Институтот за теоретска и експериментална биофизика на Руската академија на науките (РАН) создадоа уникатен вид ткаенина за превивање на рани, што тие ја нарекоа „вештачка кожа“.
Таканаречената „кожа“ би се нанесувала на раната за да се заштити од инфекции и физички оштетувања, а во исто време да се овозможи раст на клетките и да се обезбеди раната да не стане влажна или сува додека е под ткаенината, пренесува Спутник.
„Вештачката кожа“ е изработена од колаген исполнет со дермални клетки наречени фибробласти и слој на епителни клетки – кератиноцити – кој наликува на човечка кожа. Овој тенок материјал промовира заздравување на раните и обезбедува дополнителен колаген.
Според истражувачите, потребни се два дена за да зарасне раната, дури и кога станува збор за сериозни повреди. Оваа најсовремена технологија е развиена во рускиот град Пушчино, каде е седиштето на институтот РАН.
„Секоја година, научниците во овој институт развиваат десетици нови технологии и откритија во областа на биологијата, хемијата, физиката, фармацијата и другите науки“, рече Екатерина Зиновиева, министер за инвестиции, индустрија и наука во Москва.