Само 4 килограми од овој отров може да ги отруе сите луѓе на планетава!

Најтоксичната супстанција на светот е истовремено и најскапата супстанца на нашата планета. Редовно се користи во козметичката индустрија, а толку е отровна што само неколку лажички може да убијат сите луѓе во Велика Британија, а околу 4 килограми од овој отров може да убијат сите луѓе на планетава.

Тоа е токсинот „ботулинус“, познат и како ботокс. Го произведува бактеријата Clostridium botulinum, а за прв пат е откриена во 18 век во некои колбаси. Го добила името по латинскиот назив за колбас – ботулус.

Ботулинскиот токсин е еден од примерите на исклучително опасни отрови кои имаат употреба и во медицината. Толку е опасен што се произведува само во воени лаборатории, а чини околу 135 илјади милијарди евра за килограм – што ја прави најскапа материја во светот (направена од луѓе).

И покрај тоа што е токсична и толку скапа супстанца, побарувачката за ботокс во козметиката е секогаш голема. Многумина плаќаат големи суми пари за да го инјектираат во челото за да ги отстранат брчките. Само во 2013 година, компанијата што произведува ботокс продаде инјекции во вредност од 1,5 милијарди евра, а самата компанија се проценува на 65 милијарди.

Бидејќи е толку токсичен, секој третман со ботокс користи многу малку отров. Секое шишенце ботокс содржи само 4,8 нанограми активен невротоксин, што значи дека во 2013 година биле продадени само 0,02 грама активна состојка, ботулински токсин.

Многу е корисно за лекување на голем број медицински состојби, почнувајќи од мигрена сè до болести на мочниот меур.

Супстанцата убива поради парализа на органите за дишење. Тоа е невротоксин – што значи дека влегува во нервите и ги уништува виталните протеини. Ова ја запира комуникацијата помеѓу нервите и мускулите и само растот на нови нервни завршетоци може да ја врати функцијата на мускулите, а тоа може да трае со месеци.

Токму поради таквата специфична акција се користи и за медицински цели. Неговата најпозната апликација е како лек против брчки. Ги уништува нервите што создаваат брчки на челото. Се разбира, за време на третманот, на пациентите им се дава толку мала количина отров што не може да им наштети.

Бактеријата што го произведува самиот отров може да се најде во почвата и водата низ целиот свет и изложена на кислород воопшто не е опасна. Но, проблемот се јавува на места кадешто нема присуство на кислород (вакумирани производи, конзерви) каде што бактеријата почнува да го ослободува токсинот. Луѓето се трујат ако со храната го внесат токсинот.

За среќа, специфичен противотров за ботулинусот, постои.

Поддржете ја нашата работа: