Судиите секогаш го кршат перото кога ќе донесат смртна пресуда! Знаете ли зошто…

Смртната казна секогаш е тешка и ретка во демократските општества, но во некои земји реално постои. Се искажува само на екстремни криминалци кога нема простор за никакво друго решение. А, кога тоа ќе се случи, судијата го крши перото за пишување!

Овој чин е повеќе симболичен и нема никаква врска со правната легислатива. На овој начин се искажува настојувањето тоа перо никогаш повеќе да не биде искористено, а ја претставува и самата смрт. Крајот на животот на некој човек е и крај на постоење на перото со кое е напишана пресудата.

Од оние легални причини, некои тврдат дека перото се крши за да не може да се направи никаква незабележана измена во текстот на пресудата.

Оваа традиција е мошне силна, па судијата ќе го уништи дури и хемиското пенкало, во случај да не се служи со перо за пишување.

Поддржете ја нашата работа: