Што знаеме денес за мистериозниот Оумуамуa, за кој многумина тврдат дека е вештачки објект?

By Original: ESO/M. KornmesserDerivative: nagualdesign (from an earlier version by Tomruen) (c.f. Masiero (27th October & 2nd November 2017) [10]; Meech et al. (20th November 2017) [11] - Derivative of http://www.eso.org/public/images/eso1737a/ (European Southern Observatory), shortened (65%) and reddened and darkened, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=64730303

Со години, научниците шпекулираат за тоа што претставува мистериозното небесно тело Оумуамуа, комета или астероид? И дури можеше да се слушне тврдењето дека тоа е вештачки објект. Научниците сега даваат објаснување за неговите необични својства.

Неговата должина е 400 m, а влезе во нашиот систем во 2017 година. Она што привлекува внимание е фактот дека вакво нешто досега не нѐ посетило. Освен тоа, она што дополнително ги збунува научниците е тоа што објектот Оумуамуа изгледа како астероид, но се однесува како комета.

„Оумуамуа дефинитивно некогаш била комета, иако необична. Сепак, денес можеме да го објасниме нејзиното чудно однесување“, вели хемичарката Џенифер Бергнер од Универзитетот во Калифорнија во Беркли и автор на трудот објавен во списанието Nature.

Брзината сугерира дека не припаѓа во Сончевиот систем

Откако овој мистериозен објект првпат беше забележан на 19 октомври 2017 година, со помош на телескоп на Хаваи, беше откриено дека се движи со брзина од 87 километри во секунда. Ова, сугерираат научниците, покажува дека е пребрзо за да се формира во Сончевиот систем. Набргу потоа, беше означен како 1I/2017 U1 со додавање на Oumuamua, или на хавајски, „гласник од далеку, кој пристигнува прв“.

Тогаш телескопите Хабл и Спајсел на НАСА се придружија во неговото шпионирање, што откри дека овој далечен гласник има невообичаено издолжена форма. Но и тоа што при напуштањето на нашиот систем малку забрза, што може да биде последица на исфрлањето на облаците од гас и прашина од опашката. Токму ова беше фокусот на истражувањето на Бергер и нејзината колешка Дерил Селигман од Универзитетот Корнел.

Нивните модели сугерираат дека Оумуаму го започнал животот како обична комета богата со вода во близина на ѕвезда. Набргу по ова тој бил исфрлен од својата орбита, што резултирало со претворање на мразот во водород, со помош на космички зраци. Меѓутоа, како што се приближувал до Сонцето, го ослободил истиот водород и на тој начин добил забрзување.

„Нема потреба да се повикувате на нешто супер егзотично за да го објасните ова однесување“, вели Бергнер.

Што сето тоа води до заклучок дека тој е комета со чудни својства и „однесување“. Но, бидејќи ниту еден од телескопите што ни се достапни не може повеќе да го проучува бидејќи талка во далечни простори, единствената надеж е дека нешто слично ќе се појави во нашата близина во блиска иднина. Планирана е и мисија наречена Comet Interceptor, која има за цел да истражува надвор од орбитата на Месечината за потенцијални слични објекти кои доаѓаат надвор од Сончевиот систем.

 

 

Поддржете ја нашата работа: