Јапонскиот центар за вселенски истражувањa развива камери со 4К и 8К резолуција кои ќе ги испратат на Марс и неговите месечини
Целта е да се фотографираат пределите на природните сателити Фобос и Демос за време на идната „Martian Moons Exploration“ (ММХ) мисија. Со оглед на тоа што станува збор за фотографии со висока резолуција, идејата е само некои од нив да бидат испратени на Земјата додека оригиналите ќе се чуваат во повратна капсула.
Овие фотографии исто така ќе помогнат во контролирањето на модулот, затоа што во комбинација со аналитичките податоци, тие ќе дадат многу подетална слика за движењето.
Мисијата ММХ е планирана за 2024 година и се очекува да слета на Марс во текот на 2025 година, а ќе помине уште толку време додека капсулата со фотографии да се врати на Земјата.
Марс е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 км (1,52 АЕ). Нејзиниот пречникот изнесува 6.794 км (речиси двојно помал од тој на Земјата), со што, според големината, таа е седмата планета во Сончевиот Систем. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, така што понекогаш се нарекува и „Црвената планета“
Марс има два мали сателити кои орбитираат многу близу до површината.
Фобос е поголемиот и внатрешниот сателит на Марс. Тој е поблизу до својата планета од било кој друг сателит во Сончевиот Систем, помалку од 6000 км над површината. Исто така е и еден од најмалите во Сончевиот Систем со просечен дијаметар од 22,2 км
Демос е помалиот и подалечниот сателит на Марс. Еден е од најмалите природни сателити во Сончевиот Систем. Орбитира на оддалеченост од 23.459 км од Марс, а димензиите му се 15 x 12,2 x 11 км (просечен дијаметар 12,6 км)
Фобос и Демос најверојатно се составени од карпи богати со јаглерод како и астероидите од Ц-тип. Но нивните густини се толку мали што не е возможно да се чисти карпи. Веројатно се составени од мешавина на карпи и мраз. На површината од двата може да се забележат многу кратери. Сликите од Mars Global Surveyor укажуваат дека Фобос е прекриен со слој од многу ситна прашина околу еден метар дебела, слична како реголитот на Месечината.
Се верува дека Фобос и Демос се всушност заробени астероиди. Постојат шпекулации дека тие потекнуваат од периферните делови на Сончевиот Систем, а не од астрероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер. Во иднината, Фобос и Демос би можеле да се користат како „вселенски станици“ од кои би се проучувал Марс или попатни станици од и кон површината на Марс, особено ако се потврди постоењето на мраз.