Земјата што има двапати повеќе пирамиди од Египет

Во северниот дел на африканската пустина, каде што единствен посетител е само свирежот на ветрот, лежат десетици заборавени гробници кои ја чуваат историјата на регионот.

Судан, земјата што е избришана речиси од секоја туристичка понуда. Има двојно повеќе пирамиди отколку што ќе најдете во Египет, а древниот град Солеб, дом на истоимениот храм, е еден од најдобро зачуваните храмови во регионот. Се наоѓа на западната страна на реката Нил, а го изградил фараонот Аменхотеп III во 14 век п.н.е. Најмногу го посетувал болниот владетел-дете, Тутанкамон, кој своето име го врежал на еден од лавовите што некогаш го чувале влезот, а сега се наоѓаат во британскиот музеј.

Почнувајќи од 3.000 – тата , па сѐ до 2.890 – тата година п.н.е. египетските фараони ги испратиле своите војски јужно по течението на Нил, во потрага по злато и робови. Кога го достигнале крајниот југ и планината Џебел Баркал, изградиле тврдина, а подоцна и храмови, сакајќи да ја покажат својата доминација над Нубијците.

Освоената територија станала позната под името – Куш. Кога во 1070 година п.н.е египетското царство почнало да пропаѓа, Нубијците сталане слободен народ. Сепак, религијата од Египќаните, вклучувајќи ја и изградбата на пирамидите и натаму останата присутна.

Следувал векот на владеење на црните фараони. Последното поголемо наоѓалиште на нивните гробници бил градот Меро, на источниот брег на Нил, каде што се пронајдени повеќе од 200 пирамиди, распоредени во три населби.

Во северната населба постојат 43 пирамиди кои денес се на листата на Унеско. Интересно е тоа што на нив има врежани слики од слонови, жирафи и газели, што укажува дека во регионот што денес е недогледна пустина, некогаш имало бујни пасишта и извори на вода.

До 300 – тата година од новата ера царството на Куш било пред колапс. Честите напади и влијанијата од Етиопија и Рим биле пресудни за негово потполно пропаѓање. Во регионот се наметнале христијанството и исламот, а молитвите кон египетскиот бог Амон, почнале да бледеат.

Денес, единственото сведоштво за некогашното моќно царство се стотиците пирамиди кои чекаат сериозна промоција и дополнителни истражувања.

Поддржете ја нашата работа: